„Сезоната на јагодите кратко трае, па затоа сега е вистинско време да се зготви овој превкусен џем“, вели Верица Николиќ во својата презентација на рецептот. Многумина се воодушевија, а ако и вие сте љубители на овој превкусен намаз, запишете си го рецептот. Еве што ви е потребно:

џем од јагоди: фотографија на Верица Николиќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг јагоди, 1 кг шеќер, сок од 1 лимон. Од оваа количина излегуваат три тегли од 370-400 мл. Според Весна Трајковиќ која го искоментира рецептот на Верица, ова е премногу шеќер:

„Нема потреба за толку шеќер. Јас ставам само 150 г шеќер на 1 кг јагоди и сок од половина лимон. Џемот е готов кога се свари цела пена и потоа по сипањето во тегли (помали), ги вртам наопаку врз металниот капак и така ги оставам додека да се оладат.

ПОСТАПКА: Јагодите измијте ги, пресечете ги на половина и ставете ги во широко тенџере (чие дно не загорува). Посипете ги со шеќерот и оставете ги половина час за да можат јагодите да го испуштат својот сок.

Потоа малку со рацете изгмечете ги и ставете ги да се варат на повисока температура (кај мене тоа беше 8 од 9) сè додека да зовријат. Потоа намалете ја малку температурата (кај мене тоа беше 7) и оставете џемот да крчка со постојано вадење на пената со помош на лажица.

Џем од јагоди: фотографија на Снежана Годинич

Првите 20-25 минути само повремено промешувајте со дрвена лажица. Кога ќе осетите дека џемот почнал да згуснува, уште малку намалете ја температурата (кај мене на 6) и продолжете го готвењето со непрекинато мешање.

Џем од јагоди: фотографија на Снежана Годинич

Јас џемот го готвев 1.5 час. На половина од готвењето испасирајте ги јагодите со преса за компир-пире, но можете да оставите и поголеми парчиња. Ако сакате џемот да биде мазен, без парчиња, тогаш користете рачен блендер.

џем од јагоди: фотографија на Верица Николиќ

При крајот од готвењето додајте сок од еден лимон, оставете уште малку да крчка, па изгасете го шпоретот. Ако сакате да ја проверите густината на џемот, сипете малку во некое чинивче и ставете во замрзнувач 2 минути. Извадете и проверете дали ви одговара густината.

џем од јагоди: фотографија на Верица Николиќ

Џемот сипете го во стаклени тегли, претходно загреани на 100 степени во рерна. Наполнетите тегли добро затворете ги и свртете ги на капак. Оставете ги вака 5 минути, па повторно превртете ги и ставете ги под ќебе да се оладат. Рецепт и фотографии на Верица Николиќ.

џем од јагоди: фотографија на Верица Николиќ