Неодамна објавивме еден рецепт за домашен природен лек кој ја ублажува кашлицата, а се приготвува од какао, путер и мед. Со овие состојки се приготвуваат глазури, кремови и разни филови и намази за колачи и торти, но доколку се искомбинираат на еден посебен начин и точен сооднос, се добива многу ефикасен лек.

лековита смеса со какао / Фотографија на Рената Трајчевска

Откако го објавивме на нашата страница, се јави читателка на НМД да се заблагодари за рецептот и да ја потврди ефикасноста на овој домашен препарат. Имено, кашлицата кај нејзините деца за кратко време поминала, но тие сè уште барале од „лекот“, бидејќи многу им бил вкусен.

лековита смеса со какао / Фотографија на Рената Трајчевска

Накратко ќе објасниме зошто и како делуваат состојките од кои се приготвува овој домашен препарат, а сите кои сакаат веднаш да го прочитаат рецептот, истиот можат да го најдат подолу во текстот.

лековита смеса со какао / Фотографија на Рената Трајчевска

Какаото е многу ценета намирница поради полифенолите кои влегуваат во нејзиниот состав, а кои го даваат главниот лековит ефект. Во комбинација со мед и путер се препорачува како превенција и лек за настинки и кашлица. Има својство да ги отстранува другите тегоби, но и да го спречува понатамошниот развој на болеста.

лековита смеса со какао / Фотографија на Рената Трајчевска

Какаото ја подобрува циркулацијата и квалитетот на к рвта, па поради тоа доаѓа и до зголемена исхранетост во респираторниот систем. Тоа ги cтимyлиpа метаболитичките процеси: повеќе кислород и хранливи материи влегуваат во белодробните крила, а метаболитите полесно се исфрлаат.

лековита смеса со какао / Фотографија на Рената Трајчевска

Путерот добро го загрева телото, продира во длабоките ткива и ја обложува слузокожата. Покрај тоа, овозможува подобро разредување на густата слуз и нејзино полесно исфрлање од бронхиите. Оваа лековита смеса исто така може да се нанесува и на слузокожата од носот, за да спречи бактериски и вирусни инфекции.

лековита смеса со какао / Фотографија на Рената Трајчевска

Смесата е многу вкусна, па истата може да се мачка на леб, од неа да се приготвуваат разни слатки и здрави колачи. Има неодолив вкус, па многу е т ешко да се задржите на една лажица. Рецептот е многу едноставен и многу брзо се приготвува. Рецепт и фотографии на Рената Трајчевска.

лековита смеса со какао / Фотографија на Рената Трајчевска

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г несолен путер, 100 г мед и 33 г органско, квалитетно какао (една третина од 100 грамско пакување). ПОСТАПКА: Путерот исечкајте го на коцки и ставете го да се растопи на многу тивок оган. Температурата не смее да премине над 40 степени за да не се изгубат лековитите својства. Или растопете во микробранова печка.

лековита смеса со какао / Фотографија на Рената Трајчевска

Во растопениот путер се додава 100 г мед и 33 г какао. Сите состојки добро се мешаат за да се изедначат додека да се добие хомогена смеса, без грутчиња. Додека смесата е сè уште млака и речиси течна, складирајте ја во некоја стаклена тегла, претходно стерилизирана.

лековита смеса со какао / Фотографија на Рената Трајчевска

Се чува во фрижидер, а рокот на траење е дури 4-5 месеци. Откако ќе се стегне, смесата е густа и со многу темна боја. Кога станува збор за лек на респираторен систем, може да се користи каков било домашен квалитетен мед, но како најдобри се покажале медот од костени и шумскиот мед (потемен).

лековита смеса со какао / Фотографија на Рената Трајчевска

УПОТРЕБА: Како лек за кашлица се зема трипати на ден по една лажичка. Може да се јаде така, полека да се растопува во устата, а може и да се раствора во топло млеко, ако им се дава на деца над 2 години.

лековита смеса со какао / Фотографија на Рената Трајчевска