Сезоната на вируси и настинки е најактуелна во пролетниот и зимскиот период, а сите оние кои имаат деца, во овој период од годината не ги напуштаат лекарските ординации.
Многу често во такви ситуации, антибиотиците не се корисни бидејќи децата стануваат имуни на нив. Една мајка открила како рецептот на нејзината баба и помогнал да го излечи своето дете од разни вируси.
„Кога ќерка ми започна да оди во градинка на возраст од 11 месеци, започнаа првите настинки и болести. Не можевме да ставиме крај на проблемите. Се вртевме во еден маѓепсан круг од настинки кои постепено преоѓаа во воспаление на ушите, грлото, бронхитис, итн.
Лекарите имаа решение – антибиотик, сè додека моето дете не стана имуно на речиси сите антибиотици. Еден ден им се пожалив на моите роднини дека моето дете е постојано болно, а кога баба ми слушна, без размислување ми рече да му направам чај од овес на детето.
На почетокот си помислив дека не е сериозна, а потоа кога ме виде како зачудено ја погледнав ми рече дека тоа им го давале на коњите кога ќе се разболеле и оние кои биле слаби и болежливи.
„Бабо, моето дете нема да јаде нешто што им се дава на коњите!“ Баба ми се изнервира и малку подналутено ми рече да не го тру-јам детето со вештачки лекови кои ништо не му помагаат.
Добро размислив за она што ми го рече, па си реков, не може да биде полошо ако пробам, ако нема да помогне, барем нема да одмогне. Затоа се вратив кај баба ми и и‘ го побарав лекот за кој самоуверено ми тврдеше дека ќе помогне.
Рецепт за народен лек против настинки и вируси
Потребни состојки: 200 г овес, половина чаша шеќер, 200 – 250 мл вода.
Подготовка: Ставете го тенџерето со вода и шеќер на шпорет да зоврие и сварете го овесот. Потоа процедете ја водата и давајте му го чајот на детето секое утро на празен стомак цели 40 денови. Чајот засладете го по желба, може да ставите и мед наместо шеќер.
По тој период, направете пауза од 15 денови и повторете го лекот уште 40 денови. После овој третман, со помош на овесот, моето дете како да се препороди. Повеќе не кашла и оттогаш нема траги од респираторни инфекции.
Овесниот чај има неутрален вкус и обично се пие во комбинација со мед, цимет, ванила, бел слез или жалфија. Чајот од овес може да се пие во поголеми количини, на пр. така што наутро се прави одредена количина која се пие во текот на денот.
Чајот од овес е многу здрав, го зајакнува имунитетот, затоа е препорачливо да се пие во зима, а во пролет за добивање на енергија и пролетно чистење на организмот.
Овесот (Avena sativa) е полнозрнеста житарица, широко распространета во Европа и Северна Америка. Во овесот има протеини, јаглехидрати, здрави масти, диететски влакна, а од витамини и минерали има: манган, бакар, фосфор, железо, цинк, тиамин.
Овесот има и бројни антиоксиданти како авенантрамиди, фитинска и ферулинска киселина. Овесот може да се најде во две различни форми, т.е. без лушпа и со лушпа. Овесот чие семе е без лушпа треба да се исчисти со отстранување на влакната од семето, а овесот чие семе е во лушпата треба дополнително да се излупи за да може влакната да се отстранат од семето.
Во секој случај, влакната од семето мора да се отстранат и исчистат кога станува збор за подготовка на овес во исхраната, а за подготовка на чај од овес, се користи неизлупен овес, кој ја зачувал надворешната обвивка.
Чај од овес за здравјето на варењето на храната
Овесот содржи диетални влакна кои можат да помогнат во стимулирање на цревните мускули на дигестивниот систем.
Така, тие го промовираат здравјето на дигестивниот систем и ги ублажуваат симптомите на дијареја, запек и грчеви во стомакот. Некои истражувања покажуваат дека консумирањето овес може да помогне во растот на пробиотски микроорганизми во дебелото црево.
Чај од овес за холестерол
Чајот од овес се од бетаглуканот во лушпата од житото, што го намалува нивото на холестерол. Ги врзува жолчните киселини, кои играат важна улога во формирањето на холестерол во организмот и ги исфрла од телото. Покрај намалувањето на холестеролот, познато е дека бетаглуканот ефикасно го зајакнува имунитетот на организмот.
Чај од овес за дијабетес
Чајот од овес често се препорачува за дијабетичари, бидејќи содржи бетаглукан, кој делува на зголемување на толеранцијата на глукозата, која се ослободува од скробот. Дијабетичарите можат да консумираат чај од овес, а често им се препорачува и на оние со висок холестерол и висок притисок.
Чај од овес за нервниот систем
Чајот од овес е исклучително добар за луѓето кои имаат проблеми со нервниот систем токму затоа што содржи масни киселини, глукоза, фосфор, лецитин и витамин Б1 за правилно функционирање на невроните.
Чајот од овес содржи и алкалоид авенин, кој делува како седатив, па затоа се препорачува за замор и истоштеност. Благодарение на неговото смирувачко дејство врз организмот, добро е за сите оние кои се постојано во стресни и вознемирувачки околности.
Чај од овес – рецепт: За четири чаши пијалак, ќе ви требаат следниве состојки:
2 лажици овес, 1 стапче цимет (или во прав), 600 – 800 мл вода, 1 лажица мед, 2 лажици екстракт од ванила.
Подготовка: Во тенџере ставете овесна каша, стапче цимет и вода и ставете ја водата да зоврие. Откога водата ќе зоврие, оставете да се вари уште 10 минути на тивок оган.
Исклучете го огнот и почекајте да се олади, а потоа додајте ванила и мед. Никогаш не додавајте мед во топлите пијалаци бидејќи ги губи лековитите својства. Потоа процедете го чајот и испијте го.
Овесот изобилува со протеини, витамини, а особено од Б комплексот, важни минерали како што се калциум, магнезиум, натриум, силициум, железо, манган, цинк, бакар, додека во помали количини има флавоноиди, калиумови соли.
Со готвење, кое не треба да биде подолго од пет минути, ова жито не губи ниту една од своите хранливи вредности, и станува лесно сварливо. Затоа, особено се препорачува за слаби и уморни лица, жени по породување, како и лица изложени на физички и ментален с трес. Им помага на децата да ги развијат правилно кос-ките и забите.
Овој чај треба да се дава на слаби и анемични деца, како и на луѓе кои се опоравуваат од некоја болест, бидејќи помага да се зајакнат. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска