Велат дека сите ѕвезди од Холивуд ја обожаваат оваа диета која им овозможува да го регенерираат својот организам и честопати ја комбинираат со диетата 8/16, односно принципот „автофагија“, кога со помош на гладување во поголемиот дел од денот, им се овозможува на клетките да се „рестартираат“ и да ги поправат грешките.

Кога станува збор за светот на познатите, само едно е важно: да се има витко тело и да се изгледа младолико. Впрочем, ѕвездите живеат и заработуваат од својот изглед, па затоа и толку многу внимаваат на својата кожа, виткото тело и младешкиот изглед.

Не сите од нив имаат волја да гладуваат или да водат здрав живот, да се хранат здраво и редовно да вежбаат, па така, некои од нив го одбираат полесниот пат и со помош на естетска хирур-гија го добиваат посакуваниот изглед. Но, мора да признаеме дека природно здравиот изглед, за десетпати се разликува од оној „пластичниот“.

Затоа, сè поголем број глумици ги имаат простудирано поголемиот број познати диети и ги имаат испробано речиси сите начини на исхрана кои се покажале како делотворни и кои даваат одлични резултати. Меѓутоа, една диета посебно се истакнала од сите останати, а станува збор за АЛКАЛНАТА ДИЕТА.

Викторија Бекам, Џенифер Анистон и Гвинет Палтроу имаат витко тело и изгледаат младолико – бидејќи се држат до алкалната диета и многу ја фалат.

Веќе неколку години по ред Викторија Бекам се храни според книгата Honestly Healthy Alkaline Programme, која ја напишала славната лондонска нутриционистка Наташа Корнет.

Книгата содржи преубави фотографии и рецепти, како и општи препораки за „новиот начин на живеење“, во кој предност и се дава на храната која, кога еднаш ќе влезе во вашето тело, поради реакциите кои се случуваат при дигестирањето, таа станува алкална.

„Алкална храна“ всушност значи онаа храна која ја намалува киселоста во организмот, а тука може да спаѓаат и некои кисели продукти како што е лимонот. Се верува дека нашето тело функционира оптимално доколку ја одржува киселинско-базната рамнотежа.

Па така, секое ткиво или систем има своја оптимална рН вредност (нивото на кр-вта во нормални услови треба да изнесува помеѓу 7,35 и 7,45 – ова е алкална средина, додека кисела средина треба да се задржи во желудникот на пример). За ова се задолжени различни пуфери, кои би требало да ја одржуваат рН вредноста на оптимално ниво.

Меѓутоа, од различни причини, а најчесто поради ст-рес и неправилна исхрана, доаѓа до нарушување на оваа рамнотежа. Ако нивото на киселост во кр-вта се зголеми, тогаш доаѓа до пореметување на некои метаболни процеси и храната многу потешко се дигестира и апсорбира.

Поради тоа доаѓа до дефицит на некои минерали и елементи во траги (калиум, магнезиум, калциум, натриум), мастите се акумулираат и трупаат околу стомакот и виталните органи, се зголемува количината на слуз, имунитетот нагло опаѓа, состојбата на косата и кожата станува очај-на, а нивото на енергијата паѓа.

Генерално, во „лоша исхрана“ се набројува сета онаа индустриски преработена храна која содржи многу сол и шеќер, како што се месните преработки, месо, живина и риба кои се хранети со хормони, сите животински масти и млечни производи (од истите причини).

Понатаму, тука спаѓаат и производите од бело брашно, белиот ориз, кашкавалот, кечапот, вештачките засладувачи, сите колачи и торти, газираните пијалаци, ал-кохолот. За здрави намирници кои треба да се земаат повремено (бидејќи делуваат „кисело“ на организмот) се сметаат: медот, печурките, сенфот, кафето, црниот чај, па дури и органските јајца, пилешко месо и заловената риба (пастрмка, лосос…).

Во алкална храна спаѓаат овошјето, зеленчукот, бобестото овошје, вклучително и сите кисели плодови како: кисели јаболчиња, јаболкова киселина, лимон, домати, цитрон, шипки, сиров спанаќ (кога ќе се зготвел преминувал во „киселата група“), ореви, алги..

Потоа, тука спаѓа сè што е зелено, интегралните житарици (пред сè овес, хељда, просо и квиноја), банани, суво грозје и друго суво овошје без додатоци на шеќер, свеж ѓумбир, кокосово и бадемово млеко, маслиново, кокосово и ленено масло, масло од семки од грозје, авокадо.

Љубителите на оваа диета веруваат дека секојдневната исхрана треба да се состои од 80% „алкална храна“ и само 20% „кисела храна“. Но, повеќето советници велат ако 2/3 од нашата исхрана е алкална, тоа е повеќе и од доволно.

„Во нашето тело постојано се случуваат оксидативни процеси – едноставно, на тој начин ние функционираме“, вели нутриционистката. „Природата поставила огромен број заштитни механизми кои независно ја одржуваат киселинско-базната рамнотежа.

Затоа, пристрасноста кон алкализацијата на долг рок би можела да биде ш тетна. Од друга страна, ако активно ги губите вишокот килограми, во кр-вта се создаваат многу отпа-дни материи, а алкалната храна може да придонесе кон дополнителна алкализација.

Исто така, многу е корисно да се пие половина литар топла јонизирана алкална вода на празен стомак – а истата можете да ја добиете со поставување на разни алкални филтри.

„Генерално е добро кога диетата се состои од 50% јаглени хидрати, 25% протеини и 25% масти – сметам дека овој однос е златно правило на исхраната. Сите други изобличу-вања на подолг рок би можеле да му наштетат на здравјето“, заклучуваат нутриционистите.