Десерт за 5 минути! Ќе се воодушевите! Супер вкусни колачиња…Потребен ви е силиконски калап за „шепи“ или облици каков што сакате.

Ако немате вакви калапи, тогаш користете какви имате, претходно намастени и набрашнети за полесно да ги извадите…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

70 гр шеќер
ситно рендана кора од лимон
1 јајце
1 прстофат сол
1 супена лажица џем од кајсии (или по избор)
70 мл масло
130 г брашно
8 г прашок за печиво
темно чоколадо за декорација

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад изматете го јајцето со шеќерот, па додајте ситно рендана кора од лимон, прстофат сол, џем и масло. Добро изедначете.

Помешајте го брашното со прашокот за печиво, па постепено додајте го (просеано) во течната мешавина. Мешајте со кујнска жица-маталка додека смесата да стане хомогена.

Наполнете ги калапите и печете ги колачите во претходно загреана рерна на 200 степени, 15 минути или прилагодете според вашата рерна.

Оставете да се оладат па извадете ги од калапите.

Растопете чоколадо, па во секое калапче ставете по една лажичка чоколадо и притиснете внатре колаче. Оставете ги во фрижидер додека чоколадото да се стегне, па извадете ги колачите повторно и уживајте во нивниот одличен вкус.

Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.