Ова прашање ја измачува машката популација веќе подолго време.

Косата отсекогаш била главната разлика помежу жените и мажите, но во модерното време тоа започна да се менува, па така може да се сретнат мажи со долги коси и жени со кратко коси, што е сосем нормално според времето во кое живееме.

Меѓутоа, во последно време сè повеќе се прифаќаат модерни трендови во кои мажите ги бричат пазувите и прават депилација на целото тело, што беше незамисливо пред неколку децении.

Според едно истражување на Men`s Health во кое учествувале 4044 мажи, 68% од нив одговориле дека се бричат под пазуви.

Нешто повеќе од половината, 52% рекле дека се бричат од естетски причини, а 16% од нив ги бричеле мишките само кога оделе да вежбаат во теретана.

“Само еден од десет мажи вели дека никогаш не ги избричил пазувите. Интересно е дека науката не ни даде точен одговор зошто мажите имаат влакна под пазувите. Можеби тие влакна некогаш служеле за привлекување на жените со мирисот на потта” – вели Даниел Либерман, професор од Харвард.

Меѓутоа, тоа денес сигурно не е случај, па препорака е да се избричите и да ги ослободите пазувите.

Еве три чекори за лесно бричење на пазувите:

1.Потсечете ги влакната додека се влажни.

Можете да ги сечете и додека се суви, но Витли предлага водоотпорен тример и бричење под туш. Топлата вода ги омекнува влакната со што се спрелжчува ризикот од повреди.

2.Нека бидат кратки

Можете и целосно да се избричите, но доколку не сакате, можете само да ги поткастрите.

Ако имате рамни влакна, Витли предлага да ги скратите на 2,5 см или пократко, но да оставите барем центиметар за да немате проблем со јадеж после бричење.

Доколку имате виткани влакна, Витли вели дека мора да ги скратите на 3 милиметри. Користењето на чешел ќе ви помогне да ги исправите влакната без да ја изиритирате кожата.

3.Не користете алкохолните средства после бричење

После поткастрување или бричење немојте да користите миризливи балсами. Почекајте 2-3 минути пред да нанесете дезодоранс.