Наутро е најдобро да се јаде овошје, бидејќи тоа многу подобро се дигестира кога не се комбинира со друга храна. Овошјето е идеално да се јаде за појадок.

Меѓутоа, експертите советуваат дека на овој начин не треба да се јаде секое овошје, особено не бананите. Тие велат дека бананите никако не смеат да се јадат на празен желудник без да се комбинираат со друга храна.

Меѓутоа, бананите навистина се практично овошје, особено за оние кои работат во канцеларија: Само се лупи набрзина, слатки се, заситуваат и даваат многу енергија.

Позитивно делуваат на здравјето, па експертите советуваат да јадеме по три банани дневно, но не на празен стомак. Зошто?

Бидејќи ова овошје има една мала мана: Еве што се случува доколку ги консумираме на гладен стомак. Бананите се богати со шеќер, па доколку изедеме само една банана, доаѓа до нагло покачување на шеќерот во крвта.

Исто така, се зголемува и киселоста на телото. Тоа доведува до замор и изнемоштеност.

Дури до 25% од бананата се состои од шеќер. Ако ја јадете на празен желудник, нагло расте нивото на инсулин (поради внесениот шеќер), по што исто така, нагло ќе падне. На тој начин, телото повторно брзо развива чувство за глад, а можен е и силен напад на глад.

Во бананите има многу хранливи материи како што се витаминот Б6 или калиум. Меѓутоа, добро се апсорбираат доколку се консумираат со други намирници.

Ако сакате да јадете банани за појадок, тогаш комбинирајте ги со овесни снегулки, јаткасти плодови и мед.