Сармата приготвена на традиционален начин може да предизвика проблеми со крвниот притисок, особено ако се претера со количините. Сармата обично се јаде во зимскиот период и омилена е на новогодишните и божикните трпези, многубројни слави и други пригоди.

Токму во овој период вообичаено во службите за Итна помош најмногу пристигаат повици поради претерано консумирање на пијалаци, како и повреди настанати токму поради изгубена контрола во однесувањето, заради претераната консумација на пијалаци.

Меѓутоа, луѓето не претеруваат само во пиењето, туку и јадењето, па така оваа година најмногу имало поплаки поради нагло зголемен висок притисок. Секако, за ова зголемување на притисокот кај голем број луѓе, лекарите го обвинуваат омиленото новогодишно јадење, а тоа е сармата.

СКОК НА ПРИТИСОКОТ ПОРАДИ СОЛЕНО И МАСНО. Познато е дека сите празници, новогодишни, божиќни, па и славите си носат со себе последици кои се јавуваат како последица од преголемо консумирање на солена, пикантна и масна храна. А такво јадење е и сармата.

Проблемот се јавува кога оваа храна се јаде во големи количини што доста често се јавува овие денови. Тоа доведува до скок на притисокот, а кај лицата кои веќе имаат хипертензија може да предизвика сериозни проблеми. Затоа, многумина мора да се јават кај својот лекар – објаснува проф.д-р Милјко Ристиќ, кардиохирург, за Е-Клиника.

КАКО ТРЕБА ДА СЕ ХРАНИМЕ. Наместо солена и масна храна, решението е во варената и речиси несолена храна. А оброците мора да бидат умерени. “Ако веќе се јадат такви зачинети намирници, тогаш во исхраната паралелно треба да се воведе и лук.

Тоа е најдобриот природен начин за намалување на високиот крвен притисок. Ако веќе консумирањето на свежиот лук ви претставува проблем поради непријатниот мирис, тогаш користете лук во капсули кои можете да ги купите во секоја аптека”, вели д-р Ристиќ.

Дколку некому нагло му скокне притисокот поради претерување со зачинетата храна, единственото решение е да се јавите на лекар и по потреба да се коригира терапијата.  *Фотографиите користени во овој текст се од архивата на членките од групата НМД рецепти.

КАКО ТРЕБА ДА СЕ ПРИГОТВУВА ОМИЛЕНОТО ЈАДЕЊЕ: доколку многу ја сакате сармата и не можете да се откажете од ова вкусно јадење, за среќа има начин сепак да уживате во нејзиниот вкус, но да ја приготвите на поинаков начин кој ќе му одговара на вашата здравствена состојба.

Нутриционистката Бранка Мирковиќ советува дека кардиоваскуларните пациенти може да ја јадат сармата доколку таа не е солена и не е збогатена со суво месо. “Сармите може да ги приготвувате од немасно јунешко или телешко месо, со малку зачини.

Важно е киселата зелка добро да ја исперете и да ја оставите да отстои во ладна вода неколку часа или преку цела ноќ за да се испере од нејзе солта”, вели нутриционистката. Сепак, и со овие сарми иако се приготвени на здрав начин, сепак не треба да се претерува и да се внимава на внесената количина.