Многу луѓе уживаа во неговите проповеди, зборови и совети, кои многумина ги запишаа и ги претворија во книги. Зад себе остави многу мудри поуки за Бога, љубовта, животот, мислите, оптимизмот, здравјето, но и за внатрешната состојба на човекот.

„Мислите се како птици. Не можеме да им забраниме да летаат, но од нас зависи дали ќе им дозволиме да слетаат и да направат гнездо во нашата глава“, велеше отец Тадеј. Во една од своите пораки тој истакна колку состојбата на телото е поврзана со состојбата на духот, односно внатрешната состојба на човекот.

Неговите зборови нè потсетуваат колку е скапоцен мирот, а можеби и клучен за нашето здравје. „Болестите доаѓаат поради падот на мислата. Секој обично размислува и добро и лошо. Со какви мисли се занимаваме, таков живот имаме. Духот се храни со мисли, телото со физичка храна.

Човек треба да биде свој внатрешен доктор. Ако не е мирен, тивок однатре тогаш сите лекови и најдобрите доктори се безвредни. Секој треба да умее да го зачува доброто во себе и да има доверба во себе. Само така човек може да гледа напред, бидете здрави, користете му на Бога, на себе и на другите“.

Следниве зборови на отец Тадеј покажуваат колку е важно да се биде среќен, смирен и олеснет, посветен на духовниот развој: „Треба да се опуштите. Не грижете се премногу за овој свет, туку зачувајте го вашиот мир и живејте со Бога. Оставете сѐ да тече.“

Следниот пат кога ќе почувствувате дека ве нервираат работи на кои не можете да влијаете, дека ја оптоварувате душата со токсични емоции, а вашиот ум со лоши мисли, потсетете се на зборовите и поуките на отец Тадеј.

Основното учење на oтец Тадеј е дека Бог е секаде, и дека помага секому: „И на слабите и на силните, секому на кого му е потребна помош. Затоа непрестајно треба да се надградуваме себеси, духовно да еволуираме, срцето да го отвориме кон Бог“.

Никогаш не треба да очајувате! Без разлика какви неволји може да имаме во животот не треба да очајуваме: сето тоа ќе помине и Бог ќе направи сè да биде во ред. Мора да бидеме трпеливи, да се молиме, за Господ да ни даде сила и долготрпеливост.

„Кога ќе ве фати тага не треба многу да се грижите или многу да се ceкирате. Што ќе биде со нас, како ќе биде, ако тоа го преразмислувате никогаш нема да имаме миp. Бог се грижи за нас. Како што ќе рече волјата Божја така ќе биде, не вpeди да размислувате.

Ако имате добри мисли, ќе имате и мир. Ако мислите дека ќе биде ова, ќе биде она, тогаш сами си го влошувате pacположението, немате ниту миp, ниту спокој. Доста ни е од секојдневни маки. Ниту едно битие не е совршено, со Бога можеме да бидеме совршени и без Него не можеме.

Но, бидејќи Тој е Љубов, кога со срцето ќе му се помолиме на Него, Тој веднаш ни помага да го решиме проблемот.” Отец Тадеј.

Отец Тадеј велеше: „И молитвата е вежба. Ако постојано ја повторуваме молитвата, таа поминува во чувство. За тоа говореле светите отци. Многу луѓе на почетокот на духовниот живот добиваат благодат, но таа, заради нашите гревови, подоцна се повлекува, па потоа повторно се појавува.

Кога некој од длабочината на своето срце ќе му се обрати на Бог со молитва, постепено на неа се навикнува и стекнува радост и мир, кои не се од овој cвет. И таа радост се стекнува, па повремено се гyби. Но, благодатната молитва е ниескажана радост, која не може да се спореди со ништо на овој свет.

Молитвата против лоши мисли на отец Тадеј, може да ја прочитате ОВДЕ, ОТЕЦ ТАДЕЈ: Овој чај е вреден како злато, ја излекував ревмата и проширените вени – прочитајте ОВДЕ.