Иако има неспецифичен изглед, копривата (Urtica Dioica) е една од најценетите лековити билки, а нејзините најпрепознатливи компоненти кои се користат за лекување на бројни здравствени состојби, ценети во медицината и природното лекување се нејзиното семе и листови.

Античките Грци и Египјани користеле коприва за масажа против ревматски болки и артритис. Интересно е што луѓето користеле коприва за правење ткаенини во бронзеното време, а за време на Првата светска вој-на од неа се изработувале деталите на германските униформи.

Најважно е да се напомене дека копривата содржи исклучително големи количини на минералот железо. Оваа билка е најдобриот природен лек против анемија, ја намалува склоноста кон кр-вавење, го олеснува прекумерното кр-вавење и ја прочистува кр-вта.

Покрај железо, други минерали што ги содржи копривата се калциум, магнезиум, фосфор и силициум. Копривата е вистински мултивитамински комплекс. Богата е со витамин Ц, витамин А, Б2, Б5 и К.

Исклучителниот состав на коприва, исто така, вклучува танини, каротин, лецитин и бројни аминокиселини, протеини и јаглехидрати, што ја прави лек за многу болести, додека истовремено ја враќа енергијата и силата на организмот и ја подига одбрамбената сила на имунитетот.

Има антибактериски, антивирусни, антиинфламаторни, диуретични својства, ја намалува болката и го запира кр-варењето. Со забрзување на излачувањето на течности од телото, копривата исто така влијае на регулирање на кр-вниот притисок.

Ја стимулира работата на црниот дроб и панкреасот, помага при орални инфекции (гингивит и ангина), како и болести како егзема, акни и прекумерно опаѓање на косата. Копривата придонесува за регулирање на нивото на шеќер во кр-вта, помага при несоница и нервоза.

Чорба од коприва

Потребни состојки: 300 г лисја од коприва , 2 компири со средна големина, 4 моркови, 2 мали лажички ситно сечкан лук, 2 лажици масло, 1 лажичка сол, 1 коцка за супа, 2 лажици кисела павлака

Подготовка: Измијте ги лисјата од коприва и Исцедете ги. Потоа исечканата коприва ставете ја во поголем сад. Исечете ги на тенки кругови морковите и компирите и варете ги околу 10 минути во 2 литри вода, на умерена температура. Потоа додадете масло, сол по вкус, сечкано лукче и една коцка за супа.

Откако ќе се сварат морковите и компирите, додадете ја претходно исечканата коприва и продолжете да варите уште 5 минути. На крајот послужете со павлака и лимон по желба. Напомена: доколку немате свежи листови од коприва, послужете се со суви.

Текстот за НМД.мк го приготви Мартина Христовска