Синдромот на нервозни црева или иритабилен колон претставува функционално нарушување на нормалната перисталтика кое се карактеризира со силно чувство на непријатност, абдоминални болки и стомачни тегоби.

Овој синдром предизвикува различни симптоми кај сите луѓе, а помеѓу најчестите се вбројуваат констипација, дијареа, ректорагија (присуство на светлоцрвена к-рв во испразнокот), чувство на јадеж и кај жените појава на болка под левата града.

Синдромот на нервозни црева е болест на 21 век која настанува поради лоши навики како хроничен замор, стрес, претерано консумирање шеќер, брзо јадење, легнување веднаш после јадење на нешто мрсно, консумирање ал-кохол и предолго седење.

Стресот може да биде тригер, но и да ги влоши симптомите на иритабилните црева. Други поттикнувачи се хормонски промени, промена на клима, обилни оброци, одредена специфична храна и некои медикаменти. 10-15% од популацијата во Македонија ги искусуваат овие симптоми.

Симптомите може да се појават во детска возраст или дваесеттите години, а се влошуваат после педесетата година од животот. Познатиот гастроентеролог д-р Дино Тарабар советува да се следат препораките од лекарите и редовно да се испитува крвната слика, столицата и ЦРП.

Дијагноза и терапија

Дијагнозата бара детален пристап кон пациентот – добро сфатена анамнеза е често повеќе од половина од работата, но исто така мора да се направат и одредени дијагностички процедури и детален мониторинг. Постојат голем број состојби во кои има проблеми слични на иритабилни црева, па затоа треба да се исклучат:

Воспалително заболување на цревата, целијачна болест, нетолеранција на лактоза, микроскопски колитис, инфекција со хеликобактер и невроендокрините тумори. Се проценува дека околу 10% од сите пациенти го добиваат првиот симптом по цревна инфекција.

Исто така, причините може да бидат цревна хиперсензитивност, нарушување на цревната флора (дисбиоза) и бројни други фактори. Овој број и разновидност во потенцијалните причини е едно од објаснувањата зошто понекогаш е тешко да се дијагностицира болеста кај овие пациенти, а уште потешко е да се третираат, бидејќи на секој од нив мора да се пристапи индивидуално.

Терапијата се определува врз основа на тегобите, со совети за промена на одредени животни навики, пред се, начинот на исхрана. Исто така, се препорачува секојдневна физичка активност, постигнување и одржување на соодветна телесна тежина, што е можно помало изложување на стресни ситуации и што е можно поквалитетен одмор и спиење.

Неопходно е да се разгледа со пациентот влијанието на исхраната. Познато е дека зголемената потрошувачка на одредени шеќери е еден од најважните фактори кои влијаат на движењето на цревната флора. Нарушената цревна флора е еден од основните проблеми во оваа состојба.

Основниот совет во случај на проблеми со празнење на дебелото црево (запек) е диетата да се базира на храна со зголема содржина на влакна, да се внесат повеќе течности и да се користат лаксативи. Остатокот од терапијата се базира на употреба на лекови кои ја намалуваат болката во стомакот и надуеноста.

Ако IBS (синдром на нервозни црева) е придружен со појава на дијареа, се препорачува употреба на лекови со цел да се забави забрзаната подвижност на цревата, како и специфичен вид антибиотик.

Исхрана треба да се базира на свежо овошје и зеленчук, како и варен зеленчук, супи, месо не повеќе од 150 г во еден оброк, многу вода и чаеви. Шеќерот може да се замени со сорбитол кој го има во овошјето.

Ви претставуваме неколку чајни мешавини кои ги намалуваат стомачните тегоби и помагаат во лекувањето на овој синдром. Чаевите што содржат слуз се многу корисни за иратабилните црева затоа што делуваат на два начина:

-премачкување на цревата со мукозни супстанции го елиминираат запекот и овозможуваат нормално поминување на столицата, а исто така се погодни за луѓе склони кон дијареа бидејќи спречуваат дејство на штетни бактерии кои ја предизвикуваат.

ленено семе

Ленено семе, бел слез и ајдучка трева се чаеви кои може да се даваат и на деца. Кога ги пиете овие билки, важно е да знаете дека тие можат да го зголемат или забрзаат дејството на лековите што ги земате, па затоа е важно да обратете посебно внимание.

чај од бел слез

По земањето на овие билки, особено ленено семе, пожелно е да се пие многу вода. Покрај слузавите билки, ароматичните билки со есенцијални масла се корисни и за смирување на цревата и нормализирање на нивната работа. Оваа група вклучува камилица, нане и мајчина душица.

корен од бел слез

Невенот се препорачува за оние кои покрај иритабилно црево имаат и хемороиди што кр-вават. Сепак, важно е да се каже дека ако забележите к-рв во столицата, веднаш консултирајте се со вашиот лекар.

невен

Чајот од овес е многу корисен бидејќи е богат со слуз и микроелементи. Во овој чај можете да додадете малку каранфилче или кора од цимет. Овие зачини ќе го подобрат вкусот на чајот, а имаат и антисептички ефект.

чај од овес

Чај мешавина против иратабилни црева, потребни состојки и приготвување: 100 г ленено семе, 100 г сладок корен, 100 г ајдучка трева, 100 г нане, 100 г мајчина душица

мајчина душичка

Измешајте ги сите билки заедно, па ставете 5 супени лажици во литар врела, зовриена вода. Промешајте, поклопете и оставете да отстои половина час. Процедете низ газа и пијте во текот на денот со мали голтки.

мајчина душичка

Мешавина од чај против надуеност, гасови, болки во стомакот и нередовна столица, потребни состојки и подготовка: 100 г камилица, 100 г бел слез, 100 г нане.

камилица

Измешајте ги сите билки заедно, па ставете 5 супени лажици во литар врела, зовриена вода. Промешајте, покријте и оставете да отстои половина час. Процедете низ газа и пијте во текот на денот со мали голтки.

невен

Против иритација на цревата предизвикана од нервоза и стрес, потребни состојки и приготвување: 100 г валеријана, 100 г камилица, 100 г сува мелена лимонова кора

бела ајдучка трева

Измешајте ги сите билки заедно, па ставете 5 супени лажици во литар врела, зовриена вода. Промешајте, поклопете и оставете да отстои половина час. Процедете низ газа и пијте во текот на денот со мали голтки.

Кората од дива цреша е многу корисна за елиминирање на цревните проблеми што се јавуваат како резултат на стрес или нервоза. Ако сте во можност да ја набавите, не заборавајте да додадете 100 г во оваа мешавина.

чај од овес со стапче цимет

Чај од овес за регулирање на работата на цревата, потребни состојки и приготвување:

Измијте 100 г неизлупен овес за чај под млаз вода и посипете еден литар вода во тенџере и загрејте го до вриење. Откога ќе зоврие, оставете го тенџерето заедно со билката уште 10 минути на тивок оган. / Текстот за НМД.мк го приготви Мартина Христовска.

чај од овес

Потоа тргнете од шпорет и додадете лажичка каранфилче или кора/стапче од цимет (избегнувајте цимет во прав, користете ја кората на парчиња). Покријте и оставете да отстои уште дваесет минути. Процедете и пијте во текот на денот, засладен со мед по желба.

чај од овес