ЕВТИН ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ ЗА СЕКОЈ ДЕН: Без миксер, за 5 минути се меша, па се пече, а децата стојат покрај шпорет иј чекаат… Кога немам ништо дома, а сакаме нешто слатко, секогаш го правам овој колач.

Евтин и многу брз, подготвен со јогурт и какао. Може да се додаваат овошје или јаткасти плодови или во тестото да се додаде арома на рум или лешник.

Се мери со една иста чаша јогурт или шолја од 180 мл, а по желба можете состојките да ги удвоите за поголема количина. Еве што ви е потребно според рецептот на Ивана:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 чаши јогурт, 1,5 шолји шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (или арома), 2 полни до врв лажици какао во прав (може да се додаде и пудинг од лешник или чоколадо), половина чаша масло, 3 чаши брашно, половина кесичка прашок за печиво

ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете ги сите наведени состојки. Измешајте сè во еднолична, густа смеса без грутчиња и распоредете во намастен и набрашнет помал калап 15×27 см (или приближно).

Печете во загреана рерна на 200 степени приближно 35-40 минути или додека да видите дека тестото е испечено (проверете со чепкалка за заби или нож). Не ја отворајте рерната првите 20-тина минути.

ЗА ПРЕЛИВ: 1 чаша млеко (можеби повеќе ако сакате повлажна торта, мојата е само малку влажна), нешто помалку од полна чаша шеќер, 3 лажици какао во прав (или можете да комбинирате со чоколадо, додаЈте малку детско/млечно чоколадо), 150 г путер или маргарин

Ставете ги сите овие состојки во едно тенџере и мешајте додека да се растопат. Нема потреба од варење или долго вриење за да не испари премногу течност (во тој случај додајте уште малку млеко).

Прелијте го изладениот и исечен колач на коцки. Оставете да се впие. При печењето колачот може да се подигне малку во средината па да биде нерамен, во тој случај или израмнете го со загребување на врвот.

Или пак, глазурата малку поттурнувајте ја со лажицата за да се распореди насекаде рамномерно. Може да се послужи кратко после преливањето или оладен на собна температура. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Чоколаден колач, превкусен, евтин и многу брзо се приготвува, дома ни е омилен“ – ОВДЕ.

Чоколаден колач, превкусен, евтин и многу брзо се приготвува, дома ни е омилен