Можам да ви кажам дека ова е најдобриот рецепт за чоколадни мафини што некогаш е запишан. Чоколадните мафини ги обожаваме, па трагајќи по најдобриот рецепт, наидов на овој и презадоволна сум!

Можам слободно да кажам дека овој рецепт е еден од најдобрите кои досега сум ги пробала. Мафините се сочни и меки и следниот ден, а толку многу вкусни! Од претходно испробаните рецепти исто така имаше добри и многу вкусни, но следниот ден мафините се сушеа и ја губеа сочноста и свежината. Ово рецепт е вистинскиот!

Потребни состојки: 180 г брашно (пченично бело Т 400), 180 г шеќер, 150 мл млеко, 150 мл јогурт, 50 мл масло, 20 г пченичен гриз, 20 г какао во прав, 10 г ванилин шеќер, 12 г прашок за печиво, 1 јајце, 150 г чоколадо со орео кекси

Во тенџере на оган ставете 150 мл млеко и 20 г гриз
Промешајте со жица за да се изедначи смесата и варете 2-3 минути откако ќе зоврие со непрекинато мешање
оставете го да целосно да се излади

Постапка: Во тенџере на оган ставете 150 мл млеко и 20 г гриз. Промешајте со жица за да се изедначи смесата и варете 2-3 минути откако ќе зоврие со непрекинато мешање. Кога ќе згусне сварениот гриз тргнете го на страна и оставете го да целосно да се излади.

додајте едно јајце и повторно измешајте
Додајте 50 мл масло, 150 мл јогурт и 180 г шеќер
Добро измешајте со лажица или жица додека да добиете хомогена смеса

Изладениот гриз претурете го во друг сад, па додајте едно јајце и повторно измешајте со жицата за матење додека да се изедначи смесата. Додајте 50 мл масло, 150 мл јогурт и 180 г шеќер. Добро измешајте со лажица или жица додека да добиете хомогена смеса.

низ сито просејте ги сувите состојки: 180 г брашно, 20 г какао во прав и една кесичка прашок за печиво (12 г)
Просеаните суви состојки додајте ги во претходно изматената смеса.

Додајте и една кесичка ванилин шеќер (10 г) и повторно промешајте. Најпросле, низ сито просејте ги сувите состојки: 180 г брашно, 20 г какао во прав и една кесичка прашок за печиво (12 г). Просеаните суви состојки додајте ги во претходно изматената смеса.

Промешајте добро додека да се изедначат сите состојки
На страна ситно исечкајте 100 г Милка чоколадо со орео кекси
На страна ситно исечкајте 100 г Милка чоколадо со орео кекси
Исечканото чоколадо додајте го во смесата и промешајте
Исечканото чоколадо додајте го во смесата и промешајте

Промешајте добро додека да се изедначат сите состојки. На страна ситно исечкајте 100 г Милка чоколадо со орео кекси. Доколку сакате може да одберете и некое друго чоколадо, но токму ова дава еден феноменален, одличен вкус. Исечканото чоколадо додајте го во смесата и промешајте.

Со лажица внимателно полнете ги хартиените калапи
Одозгора наросете ги со 50 г ситно сечкано чоколадо

Со лажица внимателно полнете ги хартиените калапи. Не ги полнете до врв затоа што мафините дополнително ќе пораснат при печењето. Одозгора наросете ги со 50 г ситно сечкано чоколадо. Може да одберете исто Милка со орео, чоколадни капки/снегулки или некое друго по ваш избор.

приготвените мафини ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се печат приближно 20 минути
оставете ги да се оладат

Вака приготвените мафини ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се печат приближно 20 минути. Печените мафини извадете ги од рерна и оставете ги да се оладат, па потоа извадете ги од хартиената салветка. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

отстранете ја хартијата и уживајте во нивниот вкус