Штрудла со џем, ореви и чоколадо – вкус кој не може да се заборави

Ова е традиционален рецепт – штрудла со џем, но со малку збогатен фил. Комбинацијата од чоколадо и ореви даваат фантастичен вкус.

Потребни состојки:

1 кг брашно
300 мл масло
1 лимон – сок и рендана кора
3 јајца
1 лажичка сол
1 прашок за печиво
500 мл млеко
50 г квасец
2 лажички шеќер

за фил:

Loading...

2/3 џем од кајсии
150 г мелени ореви
1 кесичка цимет
200 г чоколадо рендано

Постапка:

Во млакото млеко со шеќер растворете го квасецот и оставете го 10-тина минути да се активира. Во просеаното брашно додадете прашок за печиво и сол, јајцата, рендана кора од лимон и сокот.

Додадете го стасаниот квасец со млекото и масло, па замесете меко и мазно тесто. Оставете го покриено да стасува додека да се удвои.

Стасаното тесто поделете го на 4 дела и секој дел малку премесете го и обликувајте го во топка. Секоја топка развлечете ја со оклагија на 2-3 мм дебелина, во облик на правоаголник, со должина на плехот во кој ќе се пече штрудлата.

Развлеченото тесто премачкајте го со џем од кајсии, наросете цимет и мелени ореви, па по целата површина, на крупната страна од рендето изрендајте чоколадо.

Свиткајте го ролатот, а слоевите од тестото треба да бидат што позбиени. Редете во намастен плех со масло, но имајте во предвид дека во текот на печењето ќе пораснат, па затоа оставете помеѓу нив простор.

Со тенок слој масло премачкјате ја горната површина и од страните, па оставете ја штрудалат да стасува во плехот. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути.

Во една чинија разматете лажица шеќер со малку врела вода, па неколку пати премачкјате ја кората на штрудлата за да добие убав шеќерен сјај. Оставете да излади па сечете ја и по желба наросете со шеќер во прав.

Coolinarika.com

Loading...