Вкусни, меки и сочни… имав заборавено на овој рецепт и случајно налетав и се сетив, па ги направив и пред малку ги завршив… едвај чекам да ги пробам!

чајни чупавци

Потребни состојки: 500 мл млеко, 5 лажици густин, 10 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 150 г путер, 1 пакување (1 кг) чајни колачиња (тркалца), 200 г кокос. И уште: млеко за натопување и малку рум

Постапка: Млекото ставете го да зоврие, па промешајте густин, шеќер и ванилин шеќер со малку млеко, па сварете како пудинг. Оставете да излади па соединете со пенасто изматен путер.

Тркалезните колачиња натопувајте ги во млеко и малку рум, па со мало лажиче ставајте фил и валкајте ги во кокос. Повторувајте ја постапката додека да ви се потрошат колачите и филот.

Најубави се кога ќе отстојат неколку часови во фрижидер или уште подобро преку ноќ. Во тој случај мора да чекате како и јас сега… Се надевам дека ќе ви се допаднат.

чајни чупавци