БРЗИ КРЦКАВИ КОЛАЧИЊА СО ОРЕВИ: Без чекање, брзо и лесно, ситни колачи за секој ден! Измешајте ги сите состојки и од тестото направете топчиња, извалајте ги со ореви и испечете ги. Многу се вкусни! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г мек путер или маргарин
1 чаша шеќер во прав (90 г)
1 мала чаша маслиново масло (110 мл)
1 жолчка
1 мала чаша (малку помалку) скроб/нишесте/густин (80 г)
1 кесичка ванилин шеќер (5-10 г)
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
4.5 чаши брашно (540 г)

За валање:
1 белка
100 г ситно сечкани ореви

ПОСТАПКА:

1.Омекнете го путерот на собна температура и измешајте го со шеќерот во прав. Додајте масло, жолчка, па продолжете со мешање додека да се соединат. Додајте скроб и 3 чаши брашно, прашок за печиво и ванила, па замесете тесто.

Конзистентноста на тестото ја прилагодувате со постепено додавање на остатокот од брашното. Треба да добиете меко тесто кое не се лепи за рака, а лесно се обликува.

2.Од тестото вадете парчиња со големина на орев и со дланките обликувајте топчиња.

3.Едната страна од топчињата прво натопете ја во белка, а потоа во ситно сечкани ореви.

4.Колачите наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

5.Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, 15-тина минути или додека малку да заруменат од долната страна, а од горната да останат светли. Постапката погледнете ја ОВДЕ.