Станува збор за прекрасен рецепт за уштипци или пексимети како што некои ги нарекуваат, кој лесно се прави и можете да го подготвите за само 10 минути. Дефинитивно треба да го пробате овој рецепт за уштипци, кој ќе ви биде омилен за појадок. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Се мери со чаша од 200 мл):

1 јајце (2 ако се помали)
1 чаша јогурт/кисела павлака
2 супени лажици маслиново масло
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво
3 чаши брашно или по потреба (приближно 500 г)
масло за пржење

ПОСТАПКА:

Во садот за месење сипете ги сите состојки освен брашното и измешајте. Кога ќе се изедначат состојките започнете постепено да го додавате брашното.

Кога ќе стане густо, замесете го со рака. Треба да биде средно меко и да не се лепи за рака. Покријте го и оставете го да отстои 15 минути.

Потоа тестото развлечете го во правоаголна форма.

Исечете го на мали квадратчиња или триаголници или форми и големини по ваша желба.

Загрејте го маслото на помеѓу средна умерена и највисока температура, па пржете ги уштипците додека убаво да заруменат од двете страни.

Послужете ги топли.