Home ситни колачи БРЗИ ЧАЈНИ КОЛАЧИ СО ОРЕВИ…за час се подготвуваат, одлични за со кафе,...

БРЗИ ЧАЈНИ КОЛАЧИ СО ОРЕВИ…за час се подготвуваат, одлични за со кафе, се топат во уста…

БРЗИ ЧАЈНИ КОЛАЧИ СО ОРЕВИ…за час се подготвуваат, одлични за со кафе, се топат во уста…Еве што е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со мала чајна чаша од 120 мл и обична чаша од 200 мл):

200 г путер омекнат
1 мала чајна чаша шеќер во прав
1 јајце
1 прстофат сол
1 кесичка прашок за печиво
4 чаши брашно/контролирано
8 – 10 ореви (1-2 полни раце сечкани ореви)

ПОСТАПКА:

1.Во омекнатиот путер сипете ги шеќерот и јајцето, промешајте, па постепено додајте го брашното помешано со сол и прашок за печиво. замесете меко, мазно, нелепливо тесто.

2.Додајте ги сечканите ореви, промешајте, па кинете од тестото и обликувајте ги колачите со облик каков сакате.

3.Наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 185 степени 15-тина минути или колку само малку да заруменат, а да останат светли.

4.Валајте ги во шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.