БРЗИ „БАЛОНЧИЊА“ ОД 3 СОСТОЈКИ: Многу лесно се приготвуваат и не се чека тестото да стасува…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (користете иста чаша за мерење):
1,5 чаши топла вода
1 лажичка сол
1 лажица растопен путер
4,5 чаши брашно
За фил (по избор):
ситно сирење помешано со ситно сечкан свеж магдонос
ПОСТАПКА:
1.Во соодветен сад за месење измешајте вода, растопен путер, брашно и сол и замесете меко тесто. Тестото поделете го на 2 еднакви парчиња, покријте го и оставете го да отстои 15 минути.
2.Додека одмора тестото вие пригответе го филот.
3.Развлечете голема и тенка кора на набрашнета површина. Потоа со чаша или модла за крофни вадете кругови.
4.Во средината од секој круг ставете фил. преклопете и притиснете ги рабовите за да се спои тестото.
5.Спуштајте ги печивата и пржете ги во добро загреано (врело) масло додека да добијат златна боја од двете страни.
Ова тесто не впива масло и „балонлињата“ воопшто не се масни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/xFKMBL3qNBk?si=VmH-Udy5IFyKeFR8