„Денес останавме без леб, а никој од нас не сакаше до продовница да купи. Мојата покојна баба секогаш вечеше, ако дома имаш брашно и 2 јајца, тогаш имаш и ручек.

Колку била во право! Еве што ви е потребно за оваа брза погача според рецептот на Милица:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

2 јајца
2 чаши брашно
1 чаша јогурт
1/2 чаша масло
1 кесичка прашок за печиво
1 лажица шеќер
сол по вкус

ПОСТАПКА:

Сите состојки измешајте ги додека да добиете изедначено тесто. Можете да мешате со рачна маталка или миксер, како ви е полесно.

Излејте ја смесата во подготвен калап или тепсија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени додека убаво да зарумени.

Послужете топло со некој прилог. Ова е основниот рецепт за брза погача, а во тестото слободно можете да додадете апсолутно сè што имате во фрижидер…од динстано месо, печурки, зеленчук, сечкано кромитче, шунка и слично… / Милица