Бидејќи сега е сезона на јагодите, да ги пробаме во овој едноставен а многу вкусен колач. Доколку го приготвувате колачот кога не е сезона, секогаш можете да употребите и смрзнати јагоди.
Потребни состојки: 120 г путер омекнат на собна температура, 220 г шеќер во прав, 4 јајца, 400 мл млако млеко, 600 г меко брашно, 1 прстофат сол, 1 прашок за печиво, 500 г јагоди и шеќер во прав за наросување одозгора
Постапка:
Со миксер пенасто изматете го путерот и шеќерот, а потоа додадете ги жолчките, една по една. Потоа додадете го млекото, изматете, па додадете половина од брашното измешано со прашок за печиво.
На страна изматете ги белките во цврст снег со прстофат сол. Додадете го остатокот од брашното па спојте ги двете смеси, белките и смесата со жолчките, внимателно промешувајќи со лажица.
Висок калап за торти 26 см намастете го со путер и набрашнете го. Истресете го вишокот брашно. Излејте половина од смесата, па наредете со половина од јагодите, претходно извалкани во брашно (за да не пропаѓаат во тестото).
Излејте го остатокот од смесата преку нив, а одозгора набоцкајте ги преостанатите јагоди. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 45-50 минути (пробајте со чепкалка дали е печено).
Колачот исечете го на парчиња и наросете го со шеќер во прав пред послужување.
Coolinarika.com