Што е бозел? Иако не постои единствен лек за лекување на некоја болест, сепак познавачите на бозелот велат дека неговите бобинки се едно од најсестраните решенија за она што ви создава проблеми,

Низ целиот свет има околу 30 видови на билки и дрвја на бозел. Европската верзија (позната и како Sambucus nigra) е онаа што е најтесно поврзана со вашето здравје и оздравувањето.

Неговата историја датира од 400. година п.н.е., а Хипократ, „таткото на медицината“, го нарекол старото дрво како „кутија со лекови“. Денес, во народната медицина, бозелот се смета за едно од најлековитите растенија во светот.

Здравствени придобивки од бозел

Бобинките и цветот се полни со антиоксиданти и витамини кои можат да го зајакнат вашиот имунолошки систем. Тие можат да помогнат да се смири воспалението, да се намали ст-ресот и да се заштити срцето. Некои експерти препорачуваат бозел за спречување и ублажување на симптомите на настинка и грип.

Исто така се користи како третман за:

Запек, б олки во зглобовите и мускулите, инфекции кои влијаат на вашето ди-шење, главоболка, треска, проблеми со бубрезите, епи-лепсија, некои проблеми со кожата и др.

Ефект од бозел

Бозелот добива голема поддршка како лек преку усните преданија и раскажувањата од старите жени, но немаме доволно научни и медицински тестирања со кои би се потврдиле некои тврдења дека помагаат во лекувањето и на некои од најтешките болести. Па така, нашите сознанија за ремисија на болестите остануваат на анегдотални случаи.

Што содржи бозелелот?

Бобинките на бозело содржат многу витамин Ц (52,2 милиграми на чаша) и диетални влакна (10,2 грама на чаша). Една чаша бозел содржи и: 26,7 грама јаглени хидрати, 0,7 грама маснотии, 1 грам протеини.

Корисни својства на бозелот:

Исто како што е широка употребата на бозелот, така и формите во кои се појавува се бројни, а вклучува сирупи, џемови, пастили, таблети и чаеви. Исто така се користи за: бои на храна, лосиони за тело, џемови, вино. Преработените верзии на бозелот се почести на пазарот во САД отколку самото свежо овошје.

СИРУП ОД БОЗЕЛ – РЕЦЕПТ

Наберете добро узреан бозел. Измијте го убаво под млаз ладна вода, па во друг сад откинете ги сите зрнца, а незрелите фрлете ги.

Потоа започнете да редите во стаклена тегла: ред бобинки, ред шеќер и се така ред по ред. Горниот слој треба да заврши со шеќер. Може да користите бел кристален шеќер кој после ферментацијата се претвора во сируп и служи како конзерванс, но може да користите и интегрален шеќер (некои прават со мед).

Потоа теглите оставете ги на сончево место и само прекријте ги со крпа или картон. Не смеете да ги мешате, бидејќи ќе се ослободат горчливи материи. Ќе се случи вриење, односно ќе започне ферментација, па после 15 дена затворете ги теглите со капаци и чувајте ги во фрижидер. Тоа е лекот.

Се кон-сумира по една лажичка секое утро пред појадок. Четири тегли се доволни за до следната година. Веројатно сите сте ја прочитале инспиративната приказна на Бугаринот кој б оледувал од рак и успеал да се излекува со помош на овој природен лек.

Тоа не е единствен случај со неверојатно искуство. Оваа лековита билка им има помогнато на многумина, не само да се излекуваат од тешки болести, туку и да го одржуваат својот имунитет на највисоко ниво. Бидете здрави!