Меѓу нас секако дека постојат и такви кои го сакаат горчливото кафе, но повеќето го сакаат повеќе или помалку со шеќер и/или млеко. Експертите велат дека би требало да се огледаме на оние малкумината кои кафето го пијат без никакви додатоци.

Според истражувањето, освен шеќер, во кафето не треба да ставаме ниту млеко затоа што кога се меша со големи количини на кофеин, се зголемува излачувањето на калциум во урината, а голема количина се таложи и во цревата.

Казеинот, кој се наоѓа во млекото кога доаѓа во контакт со кофеинот, коагулира и произведува гасови што предизвикуваат надуеност, б олка во стомакот и абдоминална непријатност.

Покрај тоа, нутриционистите велат дека млекото во кафето го бло-кира метаболизмот и претставува главна причина кога некој не може да осла-би. Истото важи и за кафе-тортите, кои станаа многу популарни во последните неколку години.

Оние пак кафиња кои се послужуваат во чаши, богати со слоеви шлаг и сируп достигнуваат астрономски количини на калории.

На пример, таквото кафе во една мала шолја може да содржи до 300 калории, односно празни калории кои немаат хранлива вредност, па затоа прават повеќе ште-та отколку корист.

Дури и ако избегнувате ваков вид кафе со разни шлагови и сирупи, доколку во него истурите една до две лажички шеќер, не само што создава здравствени проблеми, како што се дијабетес и дебелина, туку и го менува оригиналниот вкус на кафето.

Ако, пак, не сакате да пиете горчливо кафе, тогаш пронајдете алтернатива во природните засладувачи – советуваат експертите. Какво кафе вие пиете? Во продолжение на текстот прочитајте што треба да додадете во кафето доколку имате „киселини“:

Ако имате проблем со желудникот после пиење кафе, само додајте половина лажичка од овој прашок и проблемот веднаш ќе го снема. Кафе со сода бикарбона – за вишок киселини во желудникот

Доколку кафето ви предизвикува тегоби во стомакот, а не можете да го надминете утрото без да испиете една шолја кафе, оваа жена има ефикасен рецепт кој сведочи дека делува.

Можеби сте запознаени со тоа дека сода бикарбоната ја елими-нира вишокот киселост во желудникот и намалување на стомачните тегови, но веројатно никогаш не сте помислиле да додадете сода бикарбона во утринското кафе.

Сите кои пробале тврдат дека навистина делува, а после првиот обид повеќе никогаш не почувствувале киселина во желудникот. Исто така, оваа комбинација не го менува вкусот на кафето, така што ништо нема да ве чини да пробате и да се уверите во придобивките.

Најчесто киселината во желудникот по консумирање кафе е честа кај оние кои пијат по неколку шолји кафе на ден. Прекумерната количина на кафе може да го иритира вашиот желудник и со тоа да ви направи киселини и тегоби.

Едноставно сварете го кафето на вообичаен начин, а во него додајте половина лажичка сода бикарбона и промешајте. Јас ставив малку повеќе сода бикарбона во кафето бидејќи пијам кафе во чаша од 350 мл.

Доколку пиете од вообичаена шолја за кафе, додајте половина лажичка сода бикарбона, а доколку пиете во уште помала количина, тогаш додајте нешто повеќе од прстофат.

Коментар на Снежана – „Инстинктивно чувствувам дека оваа комбинација е добра и против главоболки.“ Коментар на Ивица – „Никогаш не сум пробал кафе со сода бикарбона, уште денес ќе пробам, фала и голем поздрав.“

Никако не мешајте турско кафе со млеко. Потребно е да знаете дека сода бикарбоната може да има и некои нуспојави доколку се консумира во преголеми количини како намалена апсорпција на калциум, зголемени гасови и зголемена дефекација.