Овој напиток всушност е многу корисно откритие за кое порано ретко кој знаеше. Не само што помага кај сите кои имаат проблем со вишок к илограми, туку и кај некои чести здравствени проблеми.

Непржените зрна кафе се користат во природната медицина како ефикасен третман против дебе-лината. Благодетите од овие сурови зрна потекнуваат од хлорогената киселина која тие ја содржат.

Хлорогената киселина е антиоксиданс што се разградува кога се пржи, односно кога термички ќе се обработи. Неколку студии сугерираат дека тие имаат способност да го стимулираат метаболизмот и да го забрзаат согорувањето на масните наслаги.

Истовремено, добриот метаболизам позитивно влијае на функционирањето на органите, вклучувајќи ги срцето, белите дробови, бубрезите, црниот дроб и мозокот.

Во алтернативната медицина, суровото кафе се користи за спречување и лекување на болести како што се: Алцхајмерова болест, дијабетес, висок притисок, срцева болест, де-белина, Паркинсонова болест.

Како да направите напиток што го стимулира метаболизмот и го забрзува сла-беењето?

Клиничките испитувања покажаа дека екстрактот од сурово кафе е ефикасен во борбата против дебелината. Според резултатите од студијата, луѓето кои кон-зумирале концентриран екстракт од овие зрна изгубиле од еден до осум к илограми.

Сурово кафе ќе најдете во сите продавници за здрава храна и печење кафе, а еве како да го подготвите:

Сомелете 50-тина грама сурови зрна кафе, нека бидат грубо мелени. Ставете ги во 3,5 литри вода да се готват 15 минути на силен оган, а потоа намалете ја температурата и варете ги околу еден час. Потоа процедете ја течноста.

Се препорачува да се пие една до две чаши од овој напиток (без шеќер) дневно, 15 минути пред оброците или најмалку 30 минути после тоа. Прочитајте го и РЕЦЕПТОТ ЗА СЛА-БЕЕЊЕ кој ни го испрати наша читателка:

Потребни состојки: 1,5 литар вода, 1 жолт лимон, 1 зелен лимон (лимета), 1 лажица семе од анасон, 6-7 ловорови листови, 1 лажица цимет, еден помал корен од ѓумбир, околу 5 см

Постапка: лимоните најпрво ги оставам да отстојам во раствор со сода бикарбона, бидејќи немам мои органски, туку ги купувам. Потоа ги мијам под млаз ладна вода, им ги отстранувам краевите, а средината ја сечам на тркалца и ги отстранувам семките.

Во лимоните додавам мало парче ѓумбир, сито така исечкано на тенки кругови. Ѓумбирот не го лупам, само ги отстранувам сувите делови и го мијам убаво. Количината на ѓумбирот ја ставам одокативно, а секој може да додаде повеќе или помалку, во зависност од тоа колку поднесува луто.

Потоа додавам ловорови листови, колку ќе ми се фатат со прстите, до 10-тина, додавам една лажица семе од анасон и една лажица цимет. Долевам со вода, 1,5 литар филтрирана или минерална вода. Кој каква има, таква нека стави.

Потоа тенџерето под капак го ставам на оган да зоврие и откако ќе проврие ја намалувам температурата на умерено и оставам да се вари уште 5 минути. Потоа го оставам садот 10-15-тина минути да подизлади, па го процедувам и го пијам топол.

Оваа количина треба да се подели на трипати, пред појадок, пред ручек и пред вечера и најдобро е да се пие топол за да има најдобри ефекти, но убав е и ладен. Јас обично го ставам во термос и си го носам со мене на работа.

Откако ќе го испијам овој чај, после некое време појадувам овошје или овесна каша, нешто лесно, еднаш до двапати пред ручекот, во зависност од тоа колку сум гладна. Па потоа ја пијам втората доза од чајот, па по некое време ручам. Оставам дел од ручекот за да ми биде вечера.

Пред вечерата ја пијам третата доза од овој напиток. Откога започнав да го пијам овој чај и кога започнав да ја применувам оваа техника за ручек и вечера, нагло започнаа да се т опат м астите и морам да се пофалам дека изгубив доста к илограми.

Овој чај го пијам седум дена, потоа правам пауза од два дена, па ја повторувам постапката од седум дена, и сè така во период од еден месец. Потоа правам поголема пауза од 10-тина дена, па ја повторувам постапката.