Сируп против кашлица и отечено црвено грло

Видов дека објавувате разни природни рецепти, па се надевам дека некому ќе помогнам со овој природен сируп. Идеален е за деца и возрасни, а помага при разни настинки, кашлица и отечено грло.

Потребни состојки:

400 г млади борови иглички
1 кг кристален шеќер (или мед)

Постапка:

Наберете млади борови иглички околу 400 грама.

Берете ги само младите пупки кои имаат светлозелена боја. Измијте ги под студен млаз вода и наредете ги на кујнска крпа да се потсушат.

Во голема стаклена тегла прво ставете ги боровите иглички, па наросете ги одозгора со шеќер. Јас ставам 1 килограм обичен кристален шеќер. Теглата поклопете ја со тацна за да го заштитите сирупот од досадните инсекти.

За да го добиете лековитиот сируп потребни се 3 до 4 месеци, во зависност од тоа каде ќе ја чувате теглата. Постапката е побрза доколку таа е изложена на сонце.

Вие не треба веќе ништо да направите, природата сама ќе си го направи своето.

Кога сонцето и природата ќе си го направат своето, вие ќе добиете готов производ без рок на траење.

Се користи по потреба, по една супена лажица 2-3 пати дневно. За одржување: 1 лажица дневно, најдобро пред оброк или помеѓу оброци. Целиот рецепт можете да го прочитате ОВДЕ.

РЕЦЕПТ 2

Потребни состојки:

1 кг млади борови иглички
1 кг шеќер (или мед)
1 голема стаклена тегла

Постапка:

Боровите иглички измијте ги и оставете ги на крпа да се исушат, најдобро преку цела ноќ. Во голема стаклена тегла редете ред иглички, ред шеќер, затворете ја херметички теглата и ставете на сончев прозор околу 40 дена со повремено протресување (да не се отвора).

После 40-45 дена сирупот процедете го низ густа газа, па кога има потреба консумирајте по 3-4 лажички на ден.

Се употребува при кашлица и густ секрет. Наместо шеќер може да се стави мед. На деца се дава после навршување на 1 година и со консултација на лекар.