Ресурсите на Zan Mitrev Clinic се понудени на државата уште минатата недела

Во однос на новонастананата состојба со пандемијата на вирусот Ковид-19 сакаме да ја информираме јавноста дека Клиничка болница „Жан Митрев“ уште минатата недела ги понуди сите свои капацитети на граѓаните на државава.

До Министерството за здравство упативме податоци за сите наши капацитети и од вработен персонал и од техничко –технолошка опременост во насока на искористување за потребите на државата а по план и програма што ќе ги одреди или побара од нас ресорното министесртво.

Во таа насока уште еднаш потенцираме дека понудивме 40 респиратори за возрасни, 6 за деца и 2 транспортни инкубатори за новороденчиња.

Loading...

Нашата клиника спроверува најригорозни мерки за заштита од вирусот во целиот објект на клиниката се со цел врвна безбедност и сигурност на сите пациенти, посетители и вработени.

Ќе Ве молиме сите да се придржувате до препорачаните мерки од ресорното министерство со цел заштита и превенција од вирусот Ковид 19.

Тука сме за Вас со полн капацитет.

Клиничка болница „Жан Митрев“ се грижи за Вашето здравје!

Loading...