Фотографија и рецепт на Милка Стојанов

Ова е првата тегла со бобинки од зрел бозел. Ќе направам уште 3, тоа е количината која ми е потребна за цела година.

Ова е лек за имунитет и за органите од системот за дишење, од бронхитис па до рак. Го користам веќе 10 години. Слично е на виното од капини, само потребно е да ферментира.

На сите објави за бозелот има коментари за тоа дека е отровен, но јас со моето семејство го користиме веќе 10 години и сите сме здрави. Потребно е термички да се обработи или да ферментира и она што е најважно, се берат само зрелите бобинки, а зелените се фрлаат.

РЕЦЕПТ

Наберете добро узреан бозел. Измијте го убаво под млаз ладна вода, па во друг сад откинете ги сите зрнца, а незрелите фрлете ги.

Потоа започнете да редите во стаклена тегла: ред бобинки, ред шеќер и се така ред по ред. Горниот слој треба да заврши со шеќер. Може да користите бел кристален шеќер кој после ферментацијата се претвора во сируп и служи како конзерванс, но може да користите и интегрален шеќер (некои прават со мед).

Потоа теглите оставете ги на сончево место и само прекријте ги со крпа или картон. Не смеете да ги мешате, бидејќи ќе се ослободат горчливи материи. Ќе се случи вриење, односно ќе започне ферментација, па после 15 дена затворете ги теглите со капаци и чувајте ги во фрижидер. Тоа е лекот. Се консумира по една лажичка секое утро пред појадок. Четири тегли се доволни за до следната година.

Веројатно сите сте ја прочитале инспиративната приказна на Бугаринот кој боледувал од рак и успеал да се излекува со помош на овој природен лек.

Тоа не е единствен случај со неверојатно искуство. Оваа лековита билка им има помогнато на многумина, не само да се излекуваат од тешки болести, туку и да го одржуваат својот имунитет на највисоко ниво. Бидете здрави!

Фотографија и рецепт на Милка Стојанов