Ослободете се од слузта во грлото и белите дробови, олеснување ќе почувствувате веднаш

Здравите напитоци кои ќе ви ги откриеме служат за јакнење на имунитетот, спречуваат развој и појава на болест, делуваат антиканцерогено и имаат способност да предизвикаат апоптоза на канцерогените клетки, го чистат организмот од токсини и ја подобруваат диегастијата. Помагаат кај кашлица, воспаление и ослободување од слуз.

Всушност, слузта е нормална појава кај настинките, но доколку не се третира може да доведе до сериозни состојби и затнување на дишните патишта и инфекции.

Затоа не смеат да остават нелекувани ниту најмалите инфекции, бидејќи многу лесно може да преминат во сериозни состојби. Доколку почувствувате некои симптоми на настинка, веднаш направете чај од ѓумбир, правете гаргара со куркума и сол, инхалирајте се со рузмарин и консумирајте мед и лимон колку можете повеќе.

ЧАЈ ОД ЃУМБИР

6-7 парчиња ѓумбир
2 чаши вода
малку лимон
½ лажичка црн пипер

Постапка:

Водата ставете ја на оган, па откако ќе зоврие додадете ѓумбир и црн пипер. На тивок оган гответе 15-20 минути. Потоа покријте, а после 5 минути процедете. Кога ќе излади додадете го лимоновиот сок. Пијте по 2 чаши дневно, пред оброк.

КУРКУМА И СОЛ

1 лажица куркума
½ лажичка сол
1 чаша топла вода

Постапка:

Земете лажица куркума и промешајте ја во чаша вода. Додадете и половина лажичка сол, па правете гаргарење со оваа течност. Малку задржете во устата за да делува куркумата, па исплукајте ја. Повторете вака неколку пати.

ИНХАЛАЦИЈА СО РУЗМАРИН

½ лажица рузмарин
½ лажица мајчина душичка
4 чаши вода

Постапка:

Земете половина лажица рузмарин и половина лажица мајчина душичка, па промешајте ги и ставете ги да се варат во вода. Вдишувајте ја пареата околу 10-тина минути и ќе забележите дека веднаш ќе почувствувате олеснување.

ЛИМОН И МЕД

Исцедете половина или цел лимон, па додадете 1 или 2 лажици мед. Испијте го и веднаш ќе се почувствувате подобро. Ова ќе ви даде енергија и ќе помогне во зајакнување на имунитетот. Може да додадете и малку цимет.

Претходна статијаСо денови не сте биле во WC, изедете го само ова и веднаш ќе отрчате на шолја
Следна статијаБобинки од бозел – лек за имунитет, бронхитис, проблеми со дишни патишта, рак – го користам 10 години