ХЕПАТОПРОТЕКТИВНА ДИЕТА – Ги топите мастите и го лекувате и регенерирате црниот дроб

Според оваа диета белиот леб треба да се замени со ориз, месото со риба, млекото со јогурт.

Хепатопротективната диета го штити црниот дроб и се препорачува при сите болести поврзани со овој орган, како што се цироза, хроничен хепатитис и други болести.

Исхраната треба да биде богата со:

-белковини (1 г/кг телесна тежина или околу 75-100 г дневно)
-јаглени хидрати (300-400 на ден)
-витамини А (не во облик на каротен), Б група, Ц, Д и К.

Loading...

Храната е потребно да се распореди на поголем број помали оброци. Термички обработената храна може да биде варена, печена во малку растително масло или динстана на тивок оган со малку масло и вода.

Одбегнувајте печење со многу маснотии или пржење во длабоко масло. Одбегнувајте индустриски напитоци – сокови, па дури и густи сокови. Пијте вода (немојте газирана), лесни билковни чаеви, свежо приготвени сокови од овошје и зеленчук. Строго е забрената консумација на било какви алкохолни пијалаци.

Наместо бел леб, млеко и месо користите заменски намирници.

Лебот заменете го со интегрални житарици (ориз, пченица, ‘рж, овес, јачмен, просо, хељда) и нивни производи; мешунки (соја, бамја, леќа, грашок, грав); ‘ркулци од пченица или јачмен.

Намирниците распоредете ги во повеќе оброци дневно. Одбегнувајте лупени житарици и нивни производи.

Млекото заменете го со ферментирани производи како ацидофил, кефир, кисело млеко, јогурт, младо сирење, моцарела. Одбегнувајте масни и тврди сирење и масни павлаки.

Ако веќе консумирате месо, тоа нека потекнува од млади животни, отстранете ја вишокот маснотија и внатрешните органи. Не консумирајте повеќе од 3-4 јајца неделно (жолчки). Редовно јадете риба и моркси плодови, сина риба, диво уловена, а одбегнувајте конзервирани, димени и суви месни преработки.

Месото приготвувајте го варено, печено или динстано на тивок оган, а рибата варена или печена.

ЕДНОСТАВНА ДИЕТА

Јадете ги сите видови зеленчук, околу 500 г дневно, распоредено во повеќе оброци. Следните видови зеленчук се особено корисни: салати, цикорија, зелка, карфиол, кељ, артичока, коморач, мешунки, морков, келераба, компир, чичока, пиперки, краставици, патлиџан, домат, тиква, блитва, спанаќ, глуварче, коприва, печурки.

Од зачините: босилек, анасон, куркума, ловоров лист, мајќина душичка, оригано, магдонос, оригано. Исто така, потребно е да се јадат најмалку два плода овошје дневно или две порции јужно овошје. Користете ладно цедени масла, пивски квасец, морски алги, комбуха, алфа-алфа, мед.

Loading...