Сочна штрудла со мак во готови кори, се прелива како баклава, се топи во уста. Освен со мак, можете да ја направите и со ореви, а задовоството коха ја јадете е уште поголемо!

Потребни состојки:

500 г готови кори

400 г мелен мак

4 лажици шеќер + 200 г

400 мл јогурт

100 мл јогурт

3 јајца

250 мл млеко

1 прашок за печиво

За шербет:

400 мл вода

300 г шеќер

Постапка:

Прво сварете го шербетот. Измешајте вода и шеќер, па ставете да зоврие. Кога ќе проврие варете уште 5 минути на средна температура, па тргнете на страна да излади.

Изматете ги јајцата со 200 г шеќер, па додадете масло и јогурт, а потоа и прашок за печиво, па сето заедно добро изматете го.

Млекото загрејте го, добро да зоврие, па попарете го макот и 4 лажици шеќер и промешајте.

Корите поделете ги на 2 или три дела, зависно колку штрудли сакате да направите и дали сакате тие да бидат поголеми или помали. Ако ги правите со ореви, тогаш и нив, околу 200 г со 4 лажици шеќер, попарете ги со 100 мл врело млеко.

Секоја кора премачкувајте ја со смеса од јогурт и редете ги една врз друга. На последната не премачкуваме, туку преку целата површина во тенок слој мачкаме мак и полека виткаме.

Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.

Ставете ја првата штрудла во намастен плех, па повторете ја постапката уште еднаш или уште двапати, во зависност од тоа на колку делови сте ги поделиле корите.

Направените ролати ставете ги во тепсијата, премачкајте ги одозгора со остатокот од смесата од јогурт, па ставете да се печат додека да добијат златно жолта боја.

Печените штрудли полијте ги со изладениот сируп и оставете да излади.

Ако можете да ја превртите штрудлата би било идеално, за да може и горниот дел од штрудлата да впие од шербетот.

Изладените штрудли се сечат и послужуваат. Следниот ден ако ви останат, сечените штрудли може да бидат малку потсушени, но и натаму се прекрасни. Можете да ги наросите со шеќер во прав.