Овие погачици со сирење мирисаат прекрасно, тестото е меко и лиснато, подготвено е толку добро, според старинските начини на месење кои ретко се применуваат во денешните пекарници. Печивата се развлекуваат два до трипати, а во тестото нема квасец и не расте. Прочитајте го рецептот на Валентина Машковиќ и не пропуштајте да ги подготвите. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г брашно + 200 г за наросување, 1,5 лажички сол, 50 мл масло, 1 јајце, 300 мл вода. За фил: 300-350 г сирење. За премачкување на корите: 200 г путер, 150 мл масло и уште 2-3 јајца, 100 г сусам, за наросување одозгора.

ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 700 г брашно. Направете подлабока вдлабнатина на средина и во неа додајте 1,5 лажичка сол, 50 мл масло и 1 цело јајце. Со лажица или шпатула лесно измешајте го јајцето додека да се соедини, без да го растурате брашното. Постепено започнете да сипате млака вода и со лажицата постепено нафрлајте од брашното од страните.

Кога смесата ќе почне да се соединува, преминете на месење со раце. Замесете тесто со средна цврстина, а водата додавајте ја постепено, додека константно соединувате, бидејќи секое брашно различно ја апсорбира водата. На оваа количина брашно јас потрошив 300 мл вода.

Вака сработеното тесто пренесете го на рамна, набрашнета површина и домесете го уште малку додека да стане мазно и да нема грутчиња. Обликувајте го тестото во поголем валјак и поделете го на 3-4 дела, кои треба да ги обликувате во топчиња. Јас тестото го поделив на 3 дела.

На една чинија, малку наросете брашно и префрлете ги топчињата на чинијата, набрашнете ги и покријте со фолија или уште подобро ставете ја чинијата во кеса. Сплескајте ги топчињата и оставете тестото да одмори околу половина час.

По изминатото време, земете едно од топчињата и пренесете го на набрашнета површина. Со оклагија развлечете го тестото што е можно поголемо и потенко. Наросете со брашно, па преклопете ја кората. На овој начин развијте ги сите три топчиња.

Настрана растопете го путерот со маслото и премачкајте ги сите три кори со оваа мешавина. Преку првата намастена кора, ставете ја втората, намастете ја на истиот начин, па истото повторете го и со третата кора. Доколку корите имаат повеќе брашно на нив, претходно малку истресете ги.

Обликувајте ги корите во правоаголен облик со рака или со оклагија, па премачкајте ја уште еднаш последната кора. Завиткајте ја кората во ролат од подолгата страна, па свиткајте = во концентричен круг и оставете да отстои покриен во чинија уште половина час, во фрижидер.

Потоа, извадете го тестото од фрижидер и одвртете го тестото, па исечете на помали печива-ролати со должина од 10 см. Јас од овој валјак добив 10 печива. Секој ролат сплескајте го со рака, па со оклагија развлечете ги тестата во помал круг. Намастете го секое тесто, па филувајте со сирење на средина.

Затворете ги печивата со спојување на краевите како торбичка, потоа превртете ги и сплескајте ги уште малку. Сите печива наредете ги во плех, обложен со хартија за печење и намастен. Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени. Секоја погачица потопувајте ја во разматените јајца, а само страните на погачиците валкајте ги во сусам.

Вака подготвените печива редете ги во плехот. Печивата се печат на 200 степени, 15 минути, а потоа се намалува температурата на рерната на 180 степени и се печат уште 10 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.