Баклава со ореви и розен кори. Баклавата е традиционален десерт кој плени со својата крцкава текстура и богат вкус.
Овој рецепт за баклава со мелени ореви и розен кори е совршен спој на слатки слоеви, путер и ароматичен шербет, создавајќи вистинско уживање за сите сетила.
Следете ги чекорите за да подготвите десерт кој ќе ги воодушеви вашите гости, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За баклавата:
– 1 пакување (10 кори) розен кори
– 200 г путер
– 80 мл масло
– 500 г мелени ореви
– 100 г сечкани ореви
За шербетот:
– 500 г шеќер
– 400 мл вода
– 20 г ванилин шеќер
– 4 тенки тркалца лимон
– НМД
ПОСТАПКА:
1. Подготовка на маснотијата: Во тенџере на тивок оган растопете го путерот и додајте го маслото. Промешајте за да се соедини смесата.
2. Редење на баклавата: Во плех со средна големина, соодветен за димензиите на розен корите, ставете една кора и премачкајте ја рамномерно со мешавината од путер и масло.
Посипете 3-4 лажици мелени ореви и малку сечкани ореви. Повторете ја постапката, редејќи кора по кора, додека ги потрошите сите кори и филот. Завршете со последната (десетта) кора.
3. Сечење на баклавата: Исечете ја баклавата на ромбови, триаголници или квадрати, според ваш избор. Останатата смеса од путер и масло рамномерно распоредете ја врз површината.
4. Печење: Печете ја баклавата во претходно загреана рерна на 180 °C околу 20-30 минути, додека да добие златно-кафеава боја.
5. Подготовка на шербетот: Во тенџере соединете го шеќерот, водата и ванилиниот шеќер.
Варете на умерена температура околу 15 минути, додека шербетот малку да згусне. Исклучете го огнот и додајте ги тркалцата лимон за дополнителна арома.
6. Преливање: Откако баклавата малку ќе се подизлади, прелијте ја со врелиот шербет. Оставете ја да отстои неколку часа, идеално преку ноќ, за да го впие шербетот и да стане мека и сочна.
7. Сервирање: По желба, пред сервирање исечете ги парчињата на помали триаголници за поелегантен изглед.
Напомена: При сечењето на баклавата, корите може да пукнат на некои места, но тоа нема да влијае на конечниот резултат. По преливањето и отстојувањето, баклавата ќе добие совршена текстура и форма.
Уживајте во овој неодолив десерт! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: