Баба ми постојано се жалеше на замор и често велеше дека нема енергија како порано да работи во бавчата. Едно утро кога станала се почувствувала како да нема сила во неа, па решила да одмори неколку денови, но сепак заморот го чувствуваше со месеци.

Кога ја однесовме на лекар, докторот рече дека е целосно здрава и нема потреба од лекови, единствено ѝ препорача да јаде чиста и здрава храна, а да намали со мрсното. Секако, тоа не ѝ беше проблем на баба ми бидејќи откога ја познавам, таа исклучиво готви домашни јадења и претежно се хранела здраво.

Овошје, зеленчук, вода, чаеви, домашни чорби и помалку месо се дел од нејзината исхрана, на која нѐ научи и мене и брат ми да ја практикуваме. Таа постојано работи во бавчата, па немаше потреба од дополнителна физичка активност. Сепак, баба ми решила да си најде самата лек со кој ќе си го „излечи“ заморот, затоа што не можеше да биде прицврстена за кревет.

Еден ден ми се јави и ми рече: „Јас сум како нова, дојди кај мене да пиеме чај и ќе ти раскажам што направив.“ Кога отидов кај неа беше освежена, насмеана, лицето ѝ беше светнато, како да е подмладена. Ми рече дека нејзината далечна пријателка ѝ го кажала овој „лек“ – напиток со кој телото се регенерира.

Баба ми беше поборник на природните лекови и природната медицина, па постојано испробуваше разни природни лекови за зајакнување на имунитетот. Пријателката ѝ кажала дека овој напиток ќе ја освежи и ќе биде како нова, но мора редовно да го консумира.

Баба ми веднаш го испробала напитокот и после една седмица почувствувала подобрување во организмот. Сега редовно го консумира, а ќе ја напишам детално постапката и дозата на консумирање, како што ѝ рекла пријателката.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 моркови, 2 банани, 2 чаши вода. ПОСТАПКА: Морковите излупете ги и пресечете ги двата краеви. Исечете ги на тенки кругови, па пренесете ги во блендер. Доколку немате обичен блендер, можете да ги смелите и со рачен блендер. Сипете 2 чаши чиста вода на собна температура и соединете во сок.

Не треба да останат поголеми остатоци од морковите. Процедете во подлабок сад за да остане само сокот. Преминете на подготовка на бананите. Излупете и исечете ги на кругови, како морковите, па ставете ги во блендерот. Врз бананите сипете го сокот од морковите.

Повторно соединете, додека да добиете густ сок од банани и моркови. Сокот се складира во чисто шише и се чува во фрижидер. Оваа количина е наменета за еден ден, а следниот ден се подготвува нова доза.

Начин на консумирање: сипете го сокот во чаша, испијте го на гладно, а втората чаша зачувајте ја за подоцна во текот на денот, не ги пијте двете одеднаш. Сокот секогаш се пие на празен стомак, а потоа не се јаде ништо најмалку 20-30 минути.

Деталите од целата подготовка може да ги погледнете ОВДЕ , а во продолжение прочитајте како да направите домашен сок од моркови и јаболка, многу вкусен и природен – ОВДЕ