Рецепт на Зорица Алексиќ. Витамински сок од јаболка и моркови, 100 % природен и без конзеpванcи. Се подготвува многу брзо и лесно, а за дечињата е одличен, бидејќи е домашен и многу вкусен.




Од овој сок излегуваат вкупно 9 литри cок, а шеќеp има cамо 1 кг, но кој сака може да го замени со мед или стевија. За разлика од индустриските сокови, во домашниот има само вода, шеќер и овошје, нема дополнителни адитиви, конзерванси и други состојки за подобрување на вкycот и бојата.




Потребни состојки: 3 кг исчистени јаболка од семки и лушпата, 1 кг моркови, 1 кг шеќер (може и помалку), 9 литри вода, 3 ќесички лимонтус (наместо лимонтус, на крај додајте лимонов сок).

Постапка: набавете зрели и здрави јаболка. Исчистете ги и исечете ги на поголеми коцки или како ќе ви дојде. Морковот исто така исчистете го и сечкајте го на поголеми кругови. Јаболката згответе ги во 5 литри вода, а морковот во 2,5 литри вода.




Зготвени и изладени испасирајте ги во блендер, па додајте ја водата во која се готвело овошјето и уште 2 – 3 литри вода (во зависност од тоа колку сакате да биде разблажен). Ставете ја целата содржина да се зготви, а кога ќе почне да врие, додајте го шеќерот и лимонтусот и оставете да се вари уште 2 – 3 минути.




Намалете ја температурата на ринглата и оставете да стои тенџерето уште 10 минути на врелата рингла. Врелиот сок се става во загреани шишиња, кои претходно треба да бидат добро исчистени и измиени, па се замотуваат сите во ќебе. Се остава да отстојат така додека сокот да се излади. Прочитајте го и следниот рецепт:




Витамински сок со преубава портокалова боја, за кој ви се потребни јаболка, моркови и круши

Сокот се приготвува приближно за 15 минути, а освен наведените состојки, можете да додавате и некое друго овошје или зеленчук по ваша желба, па на тој начин да добивате различни вкусови. Јас и моите деца најмногу го сакаме подготвен со овие 3 намирници.




Потребни состојки: 500 г круши, 500 г моркови, 1 кг јаболка, 200 г шеќер, 3 литри вода и 2 лимонтуси. Количината на вода и шеќер можете да ја промените во зависност од тоа дали сакате повеќе посладок или покисел вкус.

Постапка: Измијте ги морковите, излупете ги и исечете ги на средни по големина крукчиња. Прелијте ги со вода и ставете ги на оган да се варат. Потоа измијте ги убаво јаболката и излупете ги, а потоа исечете ги на средно големи парчиња.




Исчистете ги од семките и тврри или нагниени делови. Ставете ги во поголемо тенџере, а доколку немате такво, распоредете ги во две тенџериња, какви што имате. Додајте ги во сад со вода и започнете со подготвката на крушите.

Излупете ги и отстранете им ги семките, а потоа исечете ги на парчиња. Додајте ги во тенџерето со вода. На крај додајте го шеќерот и лимонтусот. Малку промешајте и ако сметате дека е потребно, додајте уште малку вода. Количината на шеќерот може да ја прилагодите според вашите потреби.




Во меѓувреме стерилизирајте ги шишињата во загреана рерна на 100-150 степени. Кога водата во тенџерето ќе почне да врие, намалете ја температурата за неколку степени и оставете го сокот да се готви уште 20 минути.




Морковот треба малку подолго да се вари за да омекне, бидејќи тој се готви подолго од јаболката и крушите, а на нив им е се доволни само 5 минути за да омекнат. Повремено вадете ја пената која се собира на површината.

Потоа, со рачен блендер директно изблендирајте ги сите состојки во тенџерето. Доколку немате рачен блендер, префрлете ги сите состојки во обичен блендер, но водата оставете ја во тенџерето, а потоа смесата вратете ја повторно во течноста.




Сокот е готов кога рамнимерно ќе се изедначи после блендирањето. Со помош на инка наполнете ги шишињата со густиот сок и затворете ги со стерилизирани капачиња, кои е доволно неколкупати да се пребришат со чист а лкохол.

Покријте ги со ќебе и оставете сокот да се излади. Чувајте го на ладно и темно место. Ако сакате дополнително да го пастеризирате сокот, кога ќе ги наполните шишињата со сок, вратете ги во рерна на 100 степени уште половина час, иако нема потреба.