Ако сте поспани, уморни, со слаба циркулација и нарушен имунитет – подгответе вино со рузмарин

Ако постојано се чувствувате како да немате енергија, посшани сте, со низок притисок, главоболки, слаба циркулација и чести настинки – напавете го овој рецепт од нашите предци – вино со рузмарин.

Кога треба да го направите ова вино:

-Ако наутро се будите поуморни отколку кога сте легнале и едвај станувате за да се приготвите за работа;
-ако преку ден сте тромави и поспани;
-ако имате низок крвен притисок и притоа се чувствувате како некој да ви ја земал целата енергија;
-ако се чувствувате нерасположено.

Рузмаринот најчесто се користи за подобра циркулација на крвта и подигнување на крвниот притисок. Помалку е познато дека рузмаринот го подобрува апетитот, благотворно делува на работата на желудникот, го потхранува исцрпениот организам, го зголемува расположението.

Рузмаринот во комбинација со вино може пријатно да делува на вашиот организам.

Потребни состојки:

1 литар домашно вино (бело или црвено)
50 г врвови од рузмарин (или само иглички)
50 г мед
1 стапче цимет (1 полна лажичка во прав)

Постапка:

Сите состојки ставете ги во стаклено шише и 15 дена чувајте го на топло. Шишето треба да се протресува барем еднаш дневно.

После две седмици виното процедете го и консумирајте го по една мала чаша наутро и навечер.

Ќе го зголемите вашиот имунитет, ќе ја подобрите циркулацијата, ќе го регулирате притисокот и ќе уживате во прекрасниот вкус.

Loading...