Ако сте нервозни зошто живеете во стрес: пробајте го ОВА

ПРОТИВ СТРЕС

Магнезиум: Ги опушта напнатите мускули, го зајакнува срцето и го намалува крвниот притисок. Оној кој користи доволно магнезиум ќе биде многу поотпорен во исцрпувачки ситуации.

Совети за исхрана: Добри извори на магнезиум се: интегралниот ориз, интегралниот леб и тестенини, млеко, џигер, живина, риба, компир, грав и јаткасто овошје.

Што уште помага? При стрес помагаат и сончевите зраци кои природно го опуштаат организмот. Лекарите советуваат секојдневни получасовни прошетки на сонце.

СИЛНИ НЕРВИ

Б витаминот ТИЈАМИН (Б1) го снабдува мозокот со глукоза,

РИБОФЛАВИНОТ (Б2) го пренесува кислородот од белите дробови во крвта,

ПАНТОТЕНСКА КИСЕЛИНА (Б5) ги обновува нервните клетки.

Совети за исхрана: Различните витамини од Б групата главно се наоѓаат во лушпите на житарките, па затоа треба да се јадат интегрални житарки. Покрај тоа, Б-витамините ги има и во рибата, компирот и гравот.

Што уште помага? Гинко билоба-та ги јакне нервите и допринесува за поголема снабденост на мозокот. Така се зголемува и способноста за размислување.

РЕЦЕПТ ЗА СМИРУВАЊЕ

Потребно:

Корен и листови од магдонос

200 г природен овошен сок или мед

Подготовка:

Целиот магдонос убаво го миете. Коренот го чистите па го мелете, а листовите ги сечкате што поситно па ги мешате со коренот.

Во едно ги мешате со овошниот сок или медот.

Се зема секоја вечер пред спиење по една супена лажица.

Претходна статијаАлкална салата од цвекло и морков – вкусно и здраво!
Следна статијаРуска медена торта: нема поубава ниту поевтина од неа