Ако имате влакненца баш на ова место – можеби имате проблем со срцето

Научниците сметаат дека постои силна врска меѓу влакненцата во каналот на увото и болестите на коронарните артерии.

Според научниците, ако имате црни влакненца во внатрешноста на увото, може да укажува на срцев удар!

Истражувањето кое довело до оваа идеја го извршил д-р Сандерс Т. Френк и неговиот тим, а било објавено во New England Journal of Medicine. Тоа укажува дека дијаголнаниот набор на ушната школка може да биде знак за болести на срцето.

Заинтересирани за овој однос на увото и срцето, научниците се здружиле со дермалотог за да ги пронајдат одговорите.

Според статијата објавена во 1984 година во New England Journal of Medicine, постои силна поврзаност меѓу влакненцата во каналот на увото и болестите на коронарните артерии.

Група лекари меѓу кои и Ричард Ф. Вагнер од Boston University Medical School претпоставуваат дека причината за појава на згрутчувања во артериите може да биде долготрајното изложување на машкиот хормон андроген.

Во 1989 година се појавила уште една статија на таа тема, овојпат во индискиот Heart Journal.

Во него биле изложени резултатите од истражувањето кое било направено врз 215 индиски пациенти, а кое се базирало врз поврзаноста на ушната ресичка, влакненцата и болести на коронарните артерии.

Според авторите „значајна разлика е исто така воочена помеѓу мажите со и без присуство на влакненца во зависност од одговарачката старосна група.“

Иако односот помеѓу влакненцата во увото и срцевиот удар се’ уште останува нејасен, не би било лошо, доколку забележите влакненца во увото да отидете на лекар и да се прегледате.

Loading...