Недостатокот на витамини може да трае долго време, без симптомите да бидат забележливи. Ова особено важи за витаминот Д, кој се создава во телото кога сме изложени на сончева светлина.

Знаците за недостаток на овој витамин често се променливи и нејасни, но кога има болки во коските, треба што поскоро да го проверите неговото ниво. Тоа се прави лесно, со анализа на крв во лабораторија.

Нормално ниво на витамин Д е од 75 до 150 наномоли на литар или 30 до 60 нанограми на милилитар, во зависност од мерењата што се користат во лабораторијата.

Кај долготрајна авитаминоза, пациентите чувствуваат слабост и во мускулите, па затоа им е тешко да се качуваат по скали, но и да стануваат, на пример, од подот или од многу ниско столче.

Други симптоми може да вклучуваат чувство на замор и утринска вкочанетост, како и сува кожа. За жените во менопауза и постарите лица, ризикот од кршење на коските е зголемен.

Ова не се однесува само на класичните скршеници за кои пациентот оди кај ортопед и добива гипс, туку и за микроскопски тенки фрактури кои можат да ги „нападнат“ коските на екстремитетите и ‘рбетот.

Затоа се препорачува барем два пати на ден по 15 минути да се поминува на сонце во безбедните периоди (кога не е најсилно зрачењето, односно наутро и пред заоѓање) или да се земаат суплементи на витамин Д во договор со лекар.

Пациентите кои имаат и хронични заболувања, дијабетес, висок крвен притисок, опструктивни белодробни заболувања треба да земаат повисоки дози.

За повеќе корисни совети заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Недостиг на витамин Д3 предизвикува камен во бубрег, болести на тироида и тромбоза – сончајте се повеќе“ – ОВДЕ.

Недостиг на витамин Д3 предизвикува камен во бубрег, болести на тироида и тромбоза – сончајте се повеќе