Моќен хербален лек за болка, грип, воспаление, стрес и други тегоби со слична природа, а покрај тоа помага и за срцеви заболувања. Секој што го користел ова масло е задоволен од неговата ефикасност.

Денес постојат разни аналгетски лекови кои успешно се справуваат со различните тегоби кои предизвикуваат болка и непријатност. И науката и фармацевтите постојано истражуваат и дизајнираат соединенија што можат да се спротивстават на многу стимули, симптоми и болка.

Сепак, овие лекови не го решаваат проблемот, туку само ја маскираат и олеснуваат болката која после поминувањето на дејството, повторно се враќа, а некогаш и во посилен облик.

Затоа, ваквите лекови не треба да се користат прекумерно и во континуитет, бидејќи можат да направат повеќе штета отколку што ќе имате корист од нив.

Така на пример, ако болката е предизвикана од некое воспаление, тогаш постојаната употреба на лекови против болки нема да го елиминира нејзиниот извор – воспалението.

Овој третман може да има штетен ефект врз вашето тело. Ценете го секој момент од вашиот живот и бидете здрави! За жал, речиси сите лекови имаат контраиндикации, како и несакани ефекти. Ова е причината зошто многу луѓе користат природни лекови меѓу кои е и маслото од ѓумбир.

Природните лекови не содржат хемикалии, тие дејствуваат само поради нивните лековити својства. Овој рецепт ќе ви помогне не само да се ослободите од болката, туку и да ја поправите штетата предизвикана на вашето тело.

Маслото од ѓумбир е моќна алатка за справување со следниве проблеми: секаков вид на стомачни проблеми, труење, повраќање, респираторни проблеми, менструални тегоби, секаков вид на болка, срцеви заболувања, стрес.

Подготовката на ова масло е прилично едноставна. Рецепт. Потребни состојки: 1/3 тегла рендан ѓумбир и 2/3 тегла маслиново масло (ладно цедено, девствено) или кокосово масла

Постапка: Најпрво добро исчистете го ѓумбирот и изрендајте го*. Прелијте го со ладно цедено маслиново масло. Колку е поквалитетно маслото што ќе користите, толку подобро. Добро затворете ја теглата со капак и оставете да отстои една седмица со секојдневно протресување.

Доколку маслото ви е итно потребно, процесот може да го забрзате на следниот начин: Теглата ставете ја во сад со вода и загревајте на многу тивок оган во период од два часа. Потоа маслото процедете го низ газа и добро истискајте го ѓумбирот.

* Ѓумбирот бидејќи е доста сочен, најдобро е претходно да се засуши. Наредете го во плех обложен со хартија во тенок слој и сушете го на 50-70 степени неколку часови. Ако имате дехидратор уште подобро, исушете во времетраење од два часа. Ова е потребно да се направи за да се спречи појава на мувла и оксидација на маслото.

Може да го исечете на многу тенки листови и да оставите да дехидрира, односно да испари вишокот течност преку ноќ, па следниот ден да го користите за приготвување на маслото.

Употреба: Ова масло можете да го користите локално за да ја намалите болката, воспалението или да се ослободите од кожни проблеми. Телото го загрева и делува како ароматерапија. Ако вашата кожа е пречувствителна, тогаш комбинирајте го со вазелин.

Можете исто така да го користите орално неколку капки до една лажичка пред оброк, за подобрување на варењето на храната, како и лекување на други здравствени проблеми: елиминирање на подуеност во стомакот, дијареа, исфрлање на секрет од белите дробови, астма, грип, настинка, бронхиотис.