Ако имате 1 јајце, брашно и млеко, направете ги овие вкусни крофни. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 г брашно
200 мл топло/млако млеко
100 мл топла/млака вода
1 јајце на собна температура
2 лажици шеќер
1/2 лажичка сол
7 г сув квасец
2 лажици масло
1 лажица путер
1 ванилин шеќер
шеќер за валање на крофните
масло за пржење

ПОСТАПКА:

Во посдлабок сад измешајте ги сите течни состојки, шеќерот, солта, квасецот и јајцето, па потоа додајте една лажица омекнат путер. Мешајте додека да се раствори.

Потоа додајте нешто повеќе од половина од брашното, промешајте, а остатокот од брашното додајте го постепено. Треба да биде компактно, мазно, меко и да не се лепи на рака.

Оставете го покриено во сад да ферментира приближно половина час или колку што е потребно за да го удвои волуменот.

Стасаното тесто неѓно премесете го колку да излезе воздухот од него, па на малку набрашнета површина развлечете го во тенка кора.

Со модла или со чаша вадете крофнички. Остатокот од тестото соберете го и повторно размесете го, развлечете го во кора и вадете крофнички додека сето да го потрошите.

Крофните наредете ги врз крпа, покријте ги со друга крпа и оставете ги да одморат 15 минути. Во широка тава загрејте масло на умерена температура, па пржете ги крофните додека убаво да заруменат од двете страни.

Валајте ги во ситна шеќер и послужете ги. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.