Алвата ја сакаат многумина. Приготвена од семки од сончоглед, содржи витамини, микроелементи, полинезаситени масни киселини и фосфолипиди, кои придонесуваат за јакнење на имунитетот и одржување на кардиоваскуларниот систем.

Ho во се’ е потребна мера – дневната норма е 20-30 г. Фитотерапевтката Јана Кириловна Бањко од Екатеринбург, советува сами да си направиме алва од моркови. Ова слатко е корисно во случај на анемија, хиповитаминоза, полиартритис, кардиоваскуларни заболувања, болести на црниот дроб, на бубрезите и на желудникот. Во времето на настинки алвата од моркови ќе го засити организмот co витамини и ќе помогне да се зајакне имунитетот, а заболените да избегнат компликации.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

-Чаша изрендани моркови од кои е исцеден сокот,

-половина чаша млеко или вода,

-третина чаша шеќер,

-четири лажици путер,

-третина чаша суво грозје (може да се користи кое било иситнето суво овошје),

-три лажици малку испечени и сомелени јаткасти плодови (или смеса од јаткасти плодови),

-прстофат зачини по желба (цимет, кардамом и сл.).

ПОСТАПКА:

Растопете го путерот и во него додадете ги морковите. Пржете ги на тивок оган додека не ја почувствувате силната арома на морковите. Потоа додадете ги сите преостанати состојки, освен зачините. Варете на тивок оган 15 минути, co постојано мешање. Кога ќе испари целата течност, додадете ги сите мелени зачини. Добиената смеса претурете ја во претходно намастени калапи и оставете да отстои час-два. Потоа извадете ја, исечете ја на коцки (1х1 см) и пo желба поросете co шеќер во прав или co рендан кокос. Смесата исто така, можете да ја оставите да се олади, а потоа од неа да направите топчиња. Алвата чувајте ја во фрижидер. Дневната доза е две коцки или топчиња.

Контраиндикации: 

Компликации од чир на желудникот и дванаесетпалечното црево, воспаление на тенкото црево, гастритис co зголемена киселина, камен во бубрег, индивидуална неподносливост.