ПРОТИВ СТРЕС
Магнезиум: Ги опушта напнатите мускули, го зајакнува срцето и го намалува крвниот притисок. Оној кој користи доволно магнезиум ќе биде многу поотпорен во исцрпувачки ситуации.
Совети за исхрана: Добри извори на магнезиум се: интегралниот ориз, интегралниот леб и тестенини, млеко, џигер, живина, риба, компир, грав и јаткасто овошје.
Што уште помага? При стрес помагаат и сончевите зраци кои природно го опуштаат организмот. Лекарите советуваат секојдневни получасовни прошетки на сонце.
СИЛНИ НЕРВИ
Б витаминот ТИЈАМИН (Б1) го снабдува мозокот со глукоза,
РИБОФЛАВИНОТ (Б2) го пренесува кислородот од белите дробови во крвта,
ПАНТОТЕНСКА КИСЕЛИНА (Б5) ги обновува нервните клетки.
Совети за исхрана: Различните витамини од Б групата главно се наоѓаат во лушпите на житарките, па затоа треба да се јадат интегрални житарки. Покрај тоа, Б-витамините ги има и во рибата, компирот и гравот.
Што уште помага? Гинко билоба-та ги јакне нервите и допринесува за поголема снабденост на мозокот. Така се зголемува и способноста за размислување.
РЕЦЕПТ ЗА СМИРУВАЊЕ
Потребно:
Корен и листови од магдонос
200 г природен овошен сок или мед
Подготовка:
Целиот магдонос убаво го миете. Коренот го чистите па го мелете, а листовите ги сечкате што поситно па ги мешате со коренот.
Во едно ги мешате со овошниот сок или медот.
Се зема секоја вечер пред спиење по една супена лажица.