Како се користи циметот во народната медицина и како можете да го користите во подготовката на храна – прочитајте во продолжение на текстот.
Постојат стотици различни видови цимет, но само четири се одгледуваат комерцијално. Во Европа е најзастапен т.н Цејлонски цимет со ниско ниво на кумарин (кој во повисоки дози може да доведе до проблеми со црниот дроб) и е посладок од некои други видови.
Сепак, „касијата“ е поевтина замена и понекогаш се наоѓа во мешавина со цејлонски цимет, во пакувањата кои ги купуваме во продавницата. Во традиционалната алтернативна медицина, циметот се препорачува да се додава во чаеви, во комбинација со мед, при првите знаци на настинка или грип, поради неговите енергетски квалитети и способноста да го загрева телото.
Затоа, ако досега не сте го користеле, време е да го додадете во вашиот список на домашни лекови: измешајте четвртина лажичка мелен цимет со лажичка квалитетен мед и земајте двапати на ден во текот на првите неколку дена од настинката.
Во постудените денови, може да ја подобри циркулацијата, да го подигне pacположението кога сме повеќе склони кон летаpгија (го cтимyлиpа производството на окситоцин), а некои студии исто така покажуваат дека го ели-миниpa заморот и ја подобрува функцијата на мозокот.
Кората од цимет има одлични антибактериски, антивирусни и антигабични својства, го намалува кр-вниот притисок и добро го регулира нивото на шеќер во кр-вта, па затоа се препорачува за дијабетичари (медицинската употреба секогаш мора да се договори со лекарот специјалист).
Се препорачува да не се конcyмира повеќе од 4 грама (1,5 лажичка) цимет дневно. Има секаква употреба во кујната. Експериментирајте и додавајте цимет како во слатката, така и во солената храна:
Додајте 1/4 лажичка мелен цимет кога варите кафе или скршете парче од стапчето цимет и додајте го во кафето ако го мелете со рачна мелница. Густото варива од црвена леќа или од варена пченка наросете ја со малку цимет.
Парчињата печења тиква наросете ги со малку цимет и мед. Од нив можете да правите и пире кое исто така, можете да го зачинете со цимет. Вашиот појадок од варено просо или пак овесната каша, исто така можете да ги зачините со лековитиот зачин.
На кокосово масло пропжете банана, па кога ќе омекне наросете ја со цимет. Послужете топло. Циметот меѓу другото можете да го додавате и во мусака приготвена со модар патлиџан или во проја со јаткасти плодови.