Вакви вкусни кремасти кашкавалки немам јадено многу одамна. Сите го обожаваат овој рецепт бидејќи се подготвува многу брзо ии лесно. Покрај тоа, кашкавалот не се стврднува на едно мест, туку станува кремаст и се развлекува.

Се подготвуваат од само неколку состојки и воопшто не се масни како класичните похувани кашкавали. Потребни состојки: 90 г путер, 150 мл вода, 50 мл неутрална павлака (33% масна), прстофат сол, 2 јајца, 60 г гауда кашкавал + уште малку за наросување.




Постапка: Во тенџере на рингла ставете путерот да се растопи. Потоа додека се готви на ниско-средна температура, додајте ја водата и неутралната павлака. Убаво измешајте. Посолете со прстофат сол.

Потоа додајте го брашното и со постојано мешање формирајте убаво оформена маса без грутки (која треба да биде нешто потврда од тесто). Тргнете го тенџерето од рингла и додавајте ги јајцата едно по едно додека ги вмешувате со дрвена лажица.




Настрана изрендајте го гауда кашкавалот, а потоа додајте го во тврдата маса и измешајте за да се растопи во неа. Смесата треба да изгледа нешто измеѓу тесто и пире. Покријте го тенџерето со проѕирна фолија и ставете во фрижидер да се стегне, околу 20-30 минути.




Потоа на намастен плех со хартија за печење, црпете со супена лажица од смесата и елипсовидните топчиња редете ги на плехот, малку оддалечени едно од друго. Вака редите додека да ја потрошите целата смеса, а потоа одозгора наросувате уште малку кашкавал.

Ставате на печење во претходно загреана рерна на 190 степени, 30-40 минути. Вака подготвените кашкавалки може да ги послужите како закуска или предјадење бидејќи воопшто не се масни. Деталите од целата постапка погледнете ја во видеото ОВДЕ.




A може да го пробате и овој рецепт: Кога првпат ова го пробав, не знаев што јадам: Похувана палента, како похуван кашкавал! Кога првпат ова го пробав кај другарка ми Сашка, беше сервирано како предјадење и навистина не знаев што јадам. Ми личеше на похуван кашкавал, но вкусот беше поинаков и малку посладок.




Тогаш ми го кажа рецептот, на кој јас дополнително му додадов пармезан. Вака приготвената палента многу ми се допаѓа и повремено ја правам за појадок или вечера. Дома се те-паат кој побрзо ќе земе парче уште додека се топли, дуваат во нив или ги ладат во сос од кисело млеко, сенф и магдонос.




Потребни состојки: 100 г инстант палента, 20 г рендан пармезан (1/2 кесичка), 1 поголемо јајце, брашно, презла за похување. ЗА СОС: 3-4 лажици кисела павлака, 1-2 лажици сенф, 1-2 лажици сечкан магдонос, малку сол.




Постапка: Сварете ја палентата во вода, па на тивок оган варете ја неколку минути. Зачинете со сол и црн пипер. Тргнете го садот од оган, па додајте рендан пармезан. Палентата излејте ја во некој плиток сад, да биде со дебелина од 1 см и оставете да излади и а се стегне.




Потоа, кога ќе излади сечете ја палентата на коцки, валкајте ги во брашно, па натопувајте ги во матено јајце за да се обложат од двете страни и на крај валкајте ги во презла од двете страни.




Похувајте ги во загреано масло. Готовите парчиња палента редете ги врз кујнска салветка за да се впие вишокот маснотија, па послужете ги како предјадење со сос. За сос: Промешајте кисела павлака со сенф и сечкан магдонос.

Посолете и добро промешајте. Со похуваната палента може наместо сос да се послужи прилог од динстан зеленчук.