Наједноставниот колач на светот кој секој може да го направи затоа што е преедноставен, а има предобар вкус. За жал, не можам да ви претставам колку убаво мириса кујната додека се печеше, бидејќи доволно е само мирисот да му го почувствувате и ќе ви стане јасно за колку добар колач станува збор.

Инаку оваа пита, односно колач, можете да го приготвите како посен или како масен, а разликата е единствено во тоа дали ќе користите путер или маргарин. Освен што не е скап, овој наједноставен колач на светот ќе ве освои и со својата едноставност и одличен вкус.

Потребни состојки: 2 чаши меко брашно тип 400, 2 чаши гриз, 1 чаша шеќер, 1 прстофат сол, 1 кесичка (15 г) прашок за печиво, 900 г смрзнати вишни, 1 кесичка ванилин шеќер + 1 неполна чаша шеќер, 1 лажичка цимет, половина чаша масло, околу 200 г маргарин или путер

За мерење на состојките се користи чаша од 200 мл

Постапка: За мерење на состојките се користи чаша од 200 мл. Во подлабок сад најпрво измешајте ги сувите состојки. Ставете две чаши брашно, потоа додајте една чаша шеќер, еден прстофат сол, а потоа додајте и две чаши гриз. Додајте и една кесичка прашок за печиво.

Убаво промешајте за да се изедначат сувите состојки. Потоа оваа мешавина потребно е да се подели на три еднакви делови, а тоа приближно излегува нешто повеќе од 1,5 чаша за еден дел. Колачот се приготвува во три делови од сува смеса.

Во подлабок сад извадете ги смрзнатите вишни да се одмрзнат, па додајте една кесичка ванилин шеќер и една неполна чаша кристал шеќер, една лажичка цимет во прав и половина чаша масло за готвење. Промешајте добро со лажица за да се соединат состојките.

Напомена: вишните не треба да ги процедувате откако ќе се одмрзнат, туку да ги искористите заедно со сокот. Подгответе плех со величина од 30х20 см, намастете го маргарин или со путер. Потоа истресете ја на дното првата третита од сувите состојки и распоредете еднакво.

Потоа, врз сувите состојки рамномерно распоредете половина од приготвениот фил со вишни. Израмнете, па одозгора нанесете ја втората третина од сувите состојки, па исто така рамнмерно распоредете. Завршете со втората половина од филот со вишни и на крај со последната третина од суви состојки.

Одозгора изрендајте маргарин или путер, рамномерно распоредете, а доколку ви останал сок од вишните, слободно прелијте го и него. На крај наросете малку шеќер (една рака) и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути.

печениот колач оставете го да се олади, па сечете го

Печениот колач оставете го малку да се олади, а потоа пресечете го на коцки со величина по ваша желба. Колку подолго ќе отстои, толку колачот е повкусен. Одозгора можете да наросите и малку шеќер во прав. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.

…и послужете го…уживајте во вкусот