Овој голем светец се смета за заштитник на градот Солун, а бидејќи неговиот г-poб мирисал на смил и босилек, наречен е и Мироточив. Православната црква утре, 8.ноември го слави денот на Свети Димитриј, кај народот познат како Митровден.




Празникот е посветен на античкиот командант Солун кој пост-радал поради ширење на христијанството. Митровден е неподвижен празник, што значи дека секогаш се паѓа на ист датум, односно на 8.ноември според новиот или 26.октомври според стариот календар. Во црквените календари е обележан со црвени букви.




Свети Димитриј е роден во Солун во третиот век од нашата ера, за време на царот Максимилијан. Ја игнорирал царевата наредба да ги изго-ни христијаните и јавно го проповедал христијанството.




Кога царот слушнал дека солунскиот заповедник е христијанин, наредил да го фр-лат во зан-дана каде бил изма-чуван и погу-бен. Солунските христијани тајно го пог-ребале, а подоцна на местото на неговиот г-роб била подигната црква, а Димитриј бил прогласен за заштитник на градот Солун.




Според преданието, гро-бот на Свети Димитриј мирисал на босилек и смил, па затоа тој е наречен и Мироточив. Според бројот на оние кои го слават, Митровден е меѓу најбројните во Македонија и воедно е една од поголемите слави.




Како што велат народните верувања, воочи Митровден и Ѓурѓовден треба секој да си оди дома во својата куќа, бидејќи кој не е во својот дом, тој преку цела година ќе ноќева по туѓи куќи.




Ова воедно се смета и за најважниот митровденски обичај. Овој ден е познат, како што се верувало, и по тоа што ајду-ците тогаш се разде-лувале за некаде да ја презимат зимата и повторно се среќавале за Ѓурѓовден следната година.