Многу едноставно се приготвува, а одлична е за појадок, ручек или вечера, секогаш кога немате доволно време. Одлична е со шолја јогурт или кисело млеко.

Потребни состојки: 3 јајца, 200 мл кисело млеко, 1 прашок за печиво, 150 мл млеко, 300 г рендан кашкавал, 250 г брашно, сол по вкус. Постапка: Изматете ги јајцата со малку сол, па додајте ги млекото и киселото млеко. Добро промешајте.

Во брашното додајте го прашокот за печиво, промешајте и постепено додадете го во течните состојки. Убаво промешајте за да се добие изедначена смеса. На крај додадете го ренданиот кашкавал.

Не е потребно да се додава масло, затоа што при печењето кашкавалот ќе си испушти доволно сопствено масло, а погачата нема да биде премрсна. Откако сите состојки ќе се измешаат, смесата се излева во намастена тепсија и се пече околу 25 минути на 200 степени.

КОМЕНТАР – Јас ставив: 400 мл кисело млеко, 100 мл свежо млеко, 200 г брашно, 100 г пченкарно брашно, 3 јајца, 1 прашок за печиво, 300 г рендан кашкавал и сол по вкус

Се приготвува исто со тоа што јас тепсијата ја намастив и ја наросив со пченкарно брашно за да не се залепи смесата при печењето. Многу е убаво ако одозгора пред печењето се нароси една дробено дробено кравјо сирење. Ова беше рецепт на Вики, а следниот рецепт за брза пита со сирење е на Бригита:

Рецепт и видео на Бригита Хусиќ – Лења Пита на брзина. Драги мои, ова е брзо, побрзо не може; вкусно, а повкусно не може; едноставно, а поедноставно не може. Можеби многумина ќе се потсетат на овој рецепт од детството, пробајте, ќе се воодушевите.

Потребни состојки: 500 г ситно солено сирење за пити, 5 јајца, 500 г кисела павлака (или густ јогурт), 500 г крем сирење (неутрално, несолено), 1 прашок за печиво, 2 мали шолји за кафе масло, 8 полни лажици брашно, 4 полни лажици пченкарно брашно и сол по потреба

Постапка: Во еден сад измешајте ги двете брашна со прашокот за печиво. Соленото сирење ситно издробете го, па во него додајте го јогуртот и крем сирењето. Промешајте убаво да се изедначи, вкусете, па по потреба додајте сол.

Во добиената смеса додајте го маслото и брашното, па убаво промешајте со лажица. Кога ќе се соедини смесата додајте 5 јајца и уште еднаш убаво промешајте до хомогенизирање, односно додека да се изедначат сите состојки.

Рерната добро загрејте на 200 степени а тепсијата (30 см) намастете ја со масло и ставете ја во рерната и таа да се загрее (3-4). На овој начин, кога смесата ќе се излее врз загреано масло, питата нема да се залепи.

Значи, излејте ја смесата во загреана тепсија и израмнете добро. Вратете во рерна да се допече на 200 степени (на подолната решетка) додека убаво да зарумени, околу 40 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.