Home Рецепти Кавадаречко слатко Рачели (Рејчл) од тиква со шира

Кавадаречко слатко Рачели (Рејчл) од тиква со шира

Кавадаречко слатко Рачели (Рејчл) од тиква со шира…Има различни рецепти за ова слатко, а ова е мојот рецепт. Фото и рецепт: Верка Коцева

Потребни состојки:

1 кг тиква
3 литри вода
1 кг 300 г шеќер
2 литри шира

Постапка:

1.Тиквата исчистете ја и исечкајте во форми по ваш избор.

2.Парчињата ставете ги во варова вода да отстојат еден час, а потоа извадете и измијте ги со чиста вода.

3.Водата со шеќерот се става да зовие па се додава тиквата а потоа и ширата додека да се свари.

Важно: видот на тиквата треба да е од жолтите и долгнавести.