Секој човек колку и да е здрав, а и оние кои се болни треба барем еднаш во месецот да направат чистење на организмот. Постојат многу теории и начини за чистење на телото и исфрлање на штет-ните отпадоци, а денес ќе ви претставиме еден од тие начини со помош на јаболка.
Чистењето е потребно да се изведе најпрво затоа што со години имаме стекнато навика на јадење нездрава храна која се акумулира во дигестивниот систем и со текот на времето се апсорбира во нашите клетки.
Една состојка во јаболкото може да ви помогне во чистење на организмот, а тоа е пектинот. Пектинот делува како сунѓер кој навлегува во цревата, ги „собира“ штет-ните материи и на ефикасен начин ги исфрла од телото.
Како да го спроведете чистењето: Наутро штом станете од спиење, исцедете си свеж сок од јаболка, една чаша во која сте додале половина лимонов сок. Важно е сокот да биде 100% природен. Исто така, најдобро е свежо да го цедите, зошто треба да биде на собна температура или млак и да се пие во голтки, никако одеднаш.
По 2-3 часа, изедете 2 цели нелупени јаболка кои е најдобро да бидат органски, односно непрскани. После некое време испијте една чаша чај приготвен од лушпата од јаболкото во кое сте додале 1 мала лажичка мед.
После 1-2 часа за ручек изедете уште 2 јаболка, а попладне направете си уште една чаша топол чај од лушпа од јаболка. За вечера, се јаде мала количина (една порција) каша од јаболка. Само изрендајте ги јаболката и додајте малку мед, и кашата е подготвена.
За време на денот на чистењето, не треба да конcyмирате друга храна и дозволено е да се пие само вода. За видот на јаболката оставаме на вас, може да користите и мешани, кисели со благи.
Oваа терапија со јаболка е особено корисна при дигестивни проблеми, заболувања на црн дроб, гихт, артритис, затворање на кр-вните садови и кожни болести. Терапијата со јаболка помага во намалување на к илограмите и го обновува нервниот систем.
Познато е дека најкорисните својства во зеленчукот и овошјето не се концентрирани во пулпата на овошјето туку во тенката лушпа, која често ја сечеме и фрламе, а претставува складиште на витамини и минерали, исклучително корисни за човековиот организам. Дури и за семките од јаболката постојат легенди дека тие се способни да спречат р ак.
Чај од лушпа од јаболка. Овој чај ја стимулира работата на желудникот, го регулира метаболизмот и ја смирува б олката при артритис. Потребни состојки: 500 мл вода, лушпа од 5-6 средни јаболка, прстофат цимет, малку ванила по желба.
Подготовка: Загрејте ја водата и откако ќе зоврие додајте ја сечканата лушпа од јаболка, циметот и ванилата. Намалете ја температурата на ринглата и варете ги состојките десет минути. Пијте го овој чај 1-3 пати на ден, а доколку не ви е доволно сладок, можете да додадете малку мед.