МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ АЛИШТА „СКОКА“: Експерт откри она што ниеден мајстор нема да ви го каже

Кога машината за перење ќе започне да скока лево-десно низ бањата, проверете дали можеби станува збор за ова што го објасни експертот, за што можете да прочитате подолу во текстот… Добро е да се провери и состојбата на транспортните штрафови кои се наоѓаат на задниот ѕид. Може да бидат од три до пет и сите треба да се отстранат.




Машината за перење не може да работи без вибрации. Меѓутоа, ако тие вибрации во текот на центрифугата, повеќе наликуваат на „скокање“ и машината започнува физички да се движи низ просторот во бањата, тогаш веќе станува збор за некаков проблем.




Зошто машината силно вибрира и како да се отстрани причината за овој феномен?

„Машината може да вибрира поради лошиот дизајн или ако било лошо склопена“, вели Олег Дранитски, директор на лабораторијата за тестирање на електроника за потрошувачи „Тестбет“, додавајќи дека вибрациите се јавуваат и поради нехоризонталната инсталација или од фактот дека транспортните завртки што го прицврстуваат барабанот за време на транспортот, не се отстранети.




Производителите исто така велат дека „скокањето“ на машината за перење може да биде предизвикано од различни видови материјали кои се перат, ако облеката е тешка или има поголема големина (на пример, ако сме ставиле перници, големи и тешки јакни или прекривки кои впиваат голема количина на вода во себе).




Тоа е така, затоа што различните материјали различно ја апсорбираат водата, што се рефлектира во нивната тежина. Ако има делови од облека со различна тежина во барабанот, може да се појави нерамнотежа и, како резултат на тоа, барабанот да тежнее повеќе кон една страна и при центригугата да предизвика силни вибрации.




Како да се спречи оваа прекумерна вибрација на машината?

„Првиот чекор е да се открие причината за вибрациите. Значи, ако подлошката е поставена погрешно, мора да се израмни“, советува Олег Дранитски.




Исто така, добра идеја е да ја проверите состојбата на транспортните завртки на задниот ѕид. Може да има три до пет и сите треба да се отстранат. Покрај тоа, се препорачува употреба на специјална антивибрациона подлога за стапалата.




„Антивибрационите или антилизгачките влошки го штитат подот од гребнатини, особено ако е направен од мек материјал. Тие го намалуваат преносот на вибрациите до подот (делуваат амортизирачки), а со тоа го намалуваат нивото на бучавата и вибрациите на преносот, особено додека работи центрифугата“, вели експертот.




Ако причината за вибрациите лежи во „неправилното“ полнење на машината, обидете се да ставати работи за перење со приближно иста големина и ткаенини со ист состав: не ставајте дебели фротирни крпи со тенки јастучници, дебел џемпер со лесна облека итн.




Претходна статијаЕКСТРА ВКУСНИ И МЕКИ КРОФНИ: Воздушести како меури – подобри од пекарница
Следна статијаНЕ ЈА ФРЛАЈТЕ ЛУШПАТА ОД ЈАБОЛКА: Терапија за темелно чистење на цревата – трае еден ден